Што ќе ни биде потребно за да влеземе во нашата соседна држава -денес пристигна одговорот

0

Јавниот градски превоз во Србија почна да функционира нормално, а од денеска се отворени и сите трговски центри.

За патниците во јавниот превоз задолжително е носење маски и ракавици и да држат физичка дистанца. Од денеска се укинати редарите кои беа во сите автобуси за да контролираат дали граѓаните ги почитуваат пропишаните мерки и кој го користи превозот, со оглед на тоа што не им беше дозволен на сите граѓани.

Трговските центри се отворени од денеска од 10 часот и ќе работат со нормално работно време, до 22 часот.

Сите трговски центри пропишаа и презедоа мерки за заштита на потрошувачите, за да може купувањето да се одвива под нормални услови.

Во објектите е извршена дезинфекција, а потрошувачите мора да носат заштитни маски, ракавици и да се придржуваат на пропишаната оддалеченост. Официјално во Србија на купувачите не им е забрането да влегуваат во продавниците без маски. Србија на 4 мај ги отвори кафулињата и рестораните.

Негативен тест на коронавирус не постар од три дена е непоходен документ за влез во Србија, објавуваат медиумите на таа земја. Според здравствените препораки на Србија, оние патници кои немаат таков документ ќе мора да одат во изолација 14 дена, потврди д-р Бранимир Несторовиќ.

Во Србија авиосообраќајот почнува да функционира на 18 мај, а „Ер Србија“ воведува четири лета за Цирих, Виена, Франкфурт и Лондон.

Ана Брнабиќ, премиерката на Србија изјави дека отворањето на границаата ќе биде една од последните мерки кои ќе бидат укинати.

Уште се чека какви решенија ќе усвојат другите земји за влез на странците, а Грција најави дека ќе ги отвори границите за туристи на први јули.

Претходна статијаВМРО-ДПМНЕ му се заблагодарува на Заев за ,,петардата” која ја пушти
Следна статијаНе е виновна ни црквата ни МВР – вчера во Струга од споредни улички се приклучуваа луѓе