Ванковска: Тоа што на литијата имало Сдсмовци не е никакво чудо

0

Премиерот Оливер Спасовски оцени дека, вчерашниот собир во Струга претставува сериозна неодговорност кон здравјето на граѓаните и неодговорност кон државата.

„Владините мерки и протоколи во врска со ковид-19 не се почитувани во вчерашниот религиозен настан во Струга. Почна постапката за одредување на одговорност. Ќе има одговорност, изјави Нухиу.

Во Струга вчера и покрај препораките на здравствените органи и владините мерки за заштита од зараза со коронавирусот, се одржа црковна литија на која присуствуваа голем број верници, без запазување на пропишаните мерки за заштита.

Со реакција на Фејсбук се јави и професорката Билјана Ванковска:

Споредуваат луѓе кои одат на литија со оние што одат на работа (со автобус, зошто се сиромашни) и на пазар (зошто треба да се јаде)… И демек, сме плукале по првите, а не по вторите.

Не, не плукаме, само сме вџашени од нивната неодговорност чувана од полицајците! На бога можеш и сам да му се молиш, но на работа одат оние кои го немаат луксузот да седат дома, на безбедно. Нив ги викаат “есеншлс”, и одат затоа што се пролетери, а не господа.

Тоа што на литијата имало Сдсмовци не е никакво чудо. Ниту пак е одговорност на министерот за здравство. Ако меѓу присутните имало здравствени работници, тоа е друг падеж. Но, најголемата неодговорност е кај полицијата.

И убаво рече една ФБ пројателка: се подготвуваат и соработуваат Боро и Рамиз, и верски и политички. А за здравјето, кој преживее – арно, кој не – бед лак.

А и ако прегрмиме пандемија, она што следува ќе биде далеку полошо со вакви политичари, политиканти и фундаменталисти. Да беше Македонија држава, ќе речев дека не е секуларна. Ама бидејќи нема владеење на правото, можеби е теократија.

Претходна статијаИлија Димовски разјаснува дали постои начин да се заобиколат барањата на Бугарија и Грција на патот кон ЕУ
Следна статијаВенко Филипче го објави долго очекуваното олабавување – од овој викенд карантинот ќе почнува од 19 часот