Главната ѕвезда на „Јужни Ветар“, Милош Биковиќ откри дека е Македонец – кажа и од кој град

0

Српскиот актер Милош Биковиќ, во моментов најактуелен на Балканот со хит серијата „Јужен ветар“, е еден од најплатените актери во Русија. Тој во интервју за тамошниот магазин „Esquire“ објасни детали од својот приватен живот, а и за односот со мајката и братот.

Постариот брат на Милош, Михаило Биковиќ е старешина во манастир.

– Мојот брат отиде во манастир кога имаше 22 години, а студираше со потомците на руските емигранти кои дојдоја во Србија по Октомвирската револоција. Важно ми е да кажам дека со него зборувам како со брат, но секогаш се сеќавам дека е сепак монах кој животот му го посвете на Бога.

Понекогаш во разговорите сакам да му противречам, но наместо тоа секогаш му велам „ќе размислам за твоите зборови“- раскажува убавот актер кој сега живее во Русија.

Неговата мајка имала различен пристап кон актерската кариера на Милош.

– Нејзе мојот успех не ѝ е многу важен. веруваше дека ќе станам глумец, но не ме храбреше доволно во тоа. Кога мојата кариета тргна во нагорна линија, таа ме поддржа.

Тој откри дека од првиот голем хонорар ѝ купил стан на мајка си во Белград.

– Растев во Карабурма, а често се селевме бидејќи немавме свој стан. Мојата фамилија некогаш била многу богата, но после Втората светска војна поради нацонализацијата изгубивме сè. Тато некогаш беше директор на голема австриска фирма и заработуваше многу пари, но јас не живеев богат живот. Мојот брат го почувствува тоа- раскажа Биковиќ во интервјуто.

Познатиот актер од Србија, шармантниот Милош Биковиќ, беше гостин во „лајв“ на Инстаграм на магазинот Бекстејџ.

Тој откри дека по потекло е од Македонија, односно дека неговиот дедо по татко е од Берово, и дека претходно се презивале Биковски. Презимето го промениле во Биковиќ, поради барањето на Тито – сите оние кои се декларираат како Срби и живеат во Србија да си го променат презимето.

Претходна статија(ВИДЕО) Фуркан Сали: Абе луѓе, ако сакате да ме уплашите дај пратете некој поголем маж, а не Санде и компанија
Следна статијаНе требаше долго време, по наводите на Боки 13 се огласи Зоран Заев