Новинарот Бранко Героски повторно се огласи со статус како реакција на објавата на Љубчо Георгиевски:
КОЈ ВИ ГО НАМЕТНА ДЕН ДОНЧЕВ В0 2016 ГОДИНА, ГОСПОДИНЕ ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ?
Господинот Ljubco Georgievski на Фејсбук напишал:
„Бранко Геровски да биде поинтересен напишал Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара.
Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија. Повторно се појави пред изборите 2016 и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но ни беше наметнат од страна.
Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Branko Geroski.
Од изборите до пред еден месец очи му немам видено…
Инаку по логиката на Геровски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава „кадарот на Георгиевски“.
Со задоволство ќе му одговорам на мојот драг пријател Љубчо Георгиевски:
Да- г-не Георгиевски, јас бев на страната на борците против режимот на Никола Груевски (кој неспорно е Ваш избраник, тоа не може да го негирате), но не само во 2016 година, туку од изборите во 2008 година до падот на тој режим. Додуша, не сум бил дел од никаква коалиција, бидејќи не сум имал партиско-политичка позиција. Но, се разбираме…
Ме заинтригира Вашето признание, г-не Георгиевски, дека во 2016 година Ден Дончев ви бил „наметнат од страна“. Па уште потцртувате:
„Од повеќе фактори од страна!“ Еве, јас ќе Ви поверувам, се разбира, но мислам дека Вие имате обврска да кажете кој Ви го наметнал Вашиот стар кадар (од 2006) во 2016 година и зошто? Јавноста има право тоа да го знае.
ПС. Зарем ова што го објавив за Дончев не Ви е доволно интересно, та мора и диполнително да се правам интересен? Ај, деновиве ќе биде уште поинтересно…