Каракачанов му возврати на Груевски и го повика на дуел во живо од Будимпешта

0

Очигледно е дека политичките бегалци во 21 век имаат многу слободно време. Пишува ли тој, пишува, долги историски фермани со една цел – да изманипулира историската вистина за бугарштината во Македонија и да ја оправда кражбата на името и историјата на ВМРО, пишува на Фесјбук бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов на Фејсбук.

Тој му порача на поранешниот македонски премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, дека е подготвен да замине во Будимпешта на историски дуел со него.

„Предлагам Никола Груевски да ја продолжи нашата историска конфронтација во живо. Подготвен сум да дојдам кога тој ќе рече и каде ќе посочи, до Будимпешта и еднаш засекогаш да откријам што е ВМРО, без разлика дали е бугарско или антимакедонско. Дали Бугарите биле нејзини фигури и лидери или букефалисти – следбеници на Александар Велики?

Исто така, предлагам да ги поканиме сите бугарски и македонски медиуми кои сакаат да ја снимаат и емитуваат нашата дебата. Иако е дуел, се согласувам со Никола Груевски да ги поканам гореспоменатите асистенти, како и секој друг историчар што тој сака да го поддржи. Јас ќе бидам сам“, вели Каракачанов.

Ова негово писание доаѓа по текстот на избеганиот експремиер Никола Груевски, во кој пишува за бугарската теза за т.н. „присилна македонизација“.

„Деновиве уште еднаш ни ја сервираа старата теза дека во Бугарија комунистите правеле „присилна македонизација“ и затоа имало толку Македонци на пописот во првите два пописи по војната.

Уште поинтересно е што затворањата на поранешните припадници на ВМРО во комунизмот ги препишуваат на тоа дека не сакале со сила да станат Македонци па затоа ги затворале. Вистината е дека комунистите во Бугарија ги затворале бидејќи ги сметале за фашисти и „Ванчомихајловисти“.

За тоа колку се грижеле за Македонските комити и востаници, сведочи и изјавата на тогашниот министер Григор Наќевиќ кој во 1903 за бегалците од Македонија изјавил дека ќе пристигнат десетици илјади голтари и ќе треба да се грижат за нив. Еднаш околу 1905 или 1906, С.Радев го прашал Чакаларов, како му е во Бугарија, а овој му одговорил:

”Во Костурско бев Цар, овде сум обичен бакалин“. Македонците се чувствувале како граѓани од втор ред во Бугарија, но многу од нив немале друг избор. Видовме и дека тврдат дека Ѓорче Петров тајно отворил некои магацини во Софија од каде се изнело оружје за Илинденското востание и така се наоружале востаниците.

За набавката на оружјето за Илинденското востание постојат експлицитни документи дека ВМРО сама ги купувала. Купувале од браќата Иванови, познати трговци и преку Наум Туфекџиев. Сето тоа го плаќале со пари“, пишува Груевски.

Претходна статијаУбава вест за македонските патници: „Визер“ веќе пушти во продажба карти и тоа за по 10 евра
Следна статијаСе повеќе Македонци се селаат во оваа држава – платата од 2800 евра е она што привлекува