Убава вест за македонските патници: „Визер“ веќе пушти во продажба карти и тоа за по 10 евра

0

Авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови што би се реализира и на почетокот на мај, додека најголем дел од дестинациите се очекува да продолжат нормално да се одржуваат во јуни.

Би сакале да објасниме во однос на информациите што се објавуваат во дел од медиумите за конкретни датуми за воспоставување на авионските линии преку авио превозниците што оперираат од “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.Сакаме да потенцирме дека на сила се уште важи Одлуката за затворање на “Меѓународниот аеродром Скопје” и аеродромдот “Св. Апостол Павле во Охрид”.

Тоа значи дека се додека не се донесе друга Одлука, аеродормите ќе бидат затворени за превоз на патници, а авионскиот сообраќај запрен. Оваа одлука не се однесува за државни, воени, болнички, хуманитани и карго летови без патници. Со оглед на настанатата состојба со вирусот Ковид-19, во овој момент не може да се предвиди кога повторно ќе се воспостави и нормализира авионскиот сообраќај за превоз на патници, велат од Министерството за транспорт и врски.

И покрај ваквиот апел, авиокомпаниите продаваат авиобилети за дестинациите што се опслужуваат од македонските аеродроми, пишува Локално.мк.

„Визер“ продава билети за летови за периодот по 17 мај, кои за некои дестинации се нудат и по цена од само 609 денари во еден правец. „Кроација ерлајнс“ продава авиобилети од Скопје за Загреб за летови по 1 јуни.

„Ер Србија“ нуди авионски билети од Скопје за Белград за летови, за коишто смета дека ќе можат да се организираат по 9 мај. Авиобилети од Скопје за Виена преку интернет-страницата на „Остриан ерлајнс“ можат да се набават за периодот по 21 мај.

Како што официјално соопшти оваа авиокомпанија, патниците кои резервирале билети за суспендираните летови ќе бидат обесштетени. Оние кои резервациите ги направиле директно на веб-страницата или преку мобилната апликација на авиокомпанијата, за начините на кои ќе бидат обесштетени ќе бидат известени преку електронска порака.

Има две опции за обесштетување. Парите може да се прикачат на Виз-сметката на патникот и во тој случај повратот е 120 проценти, но овие средства треба да се искористат во наредните 24 месеци за набавка на производи и услуги на „Визер“.

Претходна статија(ФОТО) Никола Груевски објави документи од ЦИА поврзани за Македонија
Следна статијаКаракачанов му возврати на Груевски и го повика на дуел во живо од Будимпешта