(ВИДЕО) Се појави снимка неколку моменти по падот на хеликоптерот на МВР: Херојска реакција на пожарникарите

0

Пилот е лесно повреден откако хеликоптер на МВР се преврте при полетување на старата платформа на Меѓународниот Аеродром Скопје. Во хеликоптерот М-17 имало пет лица, но останатите четворица минале без никакви повреди.

Случајот го презеде Јавното обвинителство, а оттаму засега нема официјални информации за причината за несреќата, но се шпекулира дека најверојатно тоа е силниот ветер.

Несреќата се случила во претпладневните часови.

-Денеска околу 11:30 часот пријавено е дека на старата платформа до Полициската станица на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“ откога наполнил гориво хеликоптер на МВР М-17 од засега непознати причини при полетување паднал, велат од МВР.

Противпожарна екипа која е составен дел од скопскиот аеродром за само три минути веќе била на местото каде што веднаш по полетувањето се срушил хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи.

Таа брза интервенција и полевањето на истечениот керозин од хеликоптерот со пена, спречило да се случи катастрофа на меѓународниот аеродром „Скопје“.

Јавното обвинителство цел речиси цел ден вршии увид на местото каде падна хеликоптерот, откако наполнил керозин и се обидел да се дигне во воздух.

Во леталото имало пет членови на екипажот, а за среќа нема загинати лица, а лесно повреден е само пилотот на полицискиот хеликоптер. Инаку, станува збор за хеликоптер од типит МИ 17.

Првичните информации за несреќата се дека поради силниот ветер бил неуспешен обидот за полетување на хеликоптерот, но точните прични ќе се утврдат откако истрагата ќе биде завршена.

Телма објави дека материјалната штета ќе биде голема, а познавачите велат дека еден ваков опремен хеликоптер чини на 10 милиони евра.

Видео: ТВ 21

Претходна статија(ФОТО) Тргна работата – во Грција поставени првите лежалки со заштита
Следна статијаПожарникарот Борис од Куманово до Филипче: Кој тоа мене при здрав, прав, без никакви симптоми ме прави болен