Каракачанов: Време ли е заедно да го чествуваме Гоце Делчев во Баница

0

Веќе извесен период Македонија и Бугарија преговараат на темата за Гоце Делчев, денес кога се чествува 117 години од неговата см рт се огласија и од соседна Бугарија.

Красимир Каракачанов, лидерoт на бугарското ВМРО, министeр на одбрана и вицепремиер на Бугарија повика на заеднички активности за одбележување на датуми, каков што е 4 мај кога се одбележува годишнина од загинувањето на Гоце Делчев.

Обраќајќи се на Македонија тој предлага пред Грција заеднички да се постави прашањето за поставување споменик на Гоце Делчев крај Баница, Серско.

На денешна дата пред 117 години загина херојски Гоце Делчев. Тоа беше еден убав повод заедно со на нашите браќа од Северна Македонија, како што е според Договорот за добрососедство, да го одбележиме заедно сеќавањето на Делчев.

Се надевам, причината тоа да не се случи не е немањето желба на политичарите во Скопје, туку коронавирусот – напиша Каракачанов на својот профил на Фејсбук.

Тој во својот статус се осврна на изјави на претседателот Стево Пендаровски кој, како што вели, го споредил Делечв со денешните македонски граѓани кои бараат бугарско државјанство.

Додека ние се караме чиј е Делчев, неговиот прв гроб стои запоставен некаде зад олтарот на црквата во разрушеното село Баница. Не е ли време заедно, како братски држави, да го поставиме пред партнерска Грција прашањето за поставување споменик на Гоце Делчев и да го чествуваме сеќавањето на него заедно таму?

На днешната дата преди 117 години загина геройски Гоце Делчев. Край село Баница, Серско (днес в Гърция), Делчев влиза в…

Публикувахте от Красимир Каракачанов в Понеделник, 4 май 2020 г.

А можеби таму во руините на селото Баница, каде што сѐ уште живее духот на Гоце Делчев, ќе ги најдеме мирот и просветлението што ги имаше тој, додава Каракачанов.

Претходна статија(ВИДЕО) Снимка од пред еден месец во која Драган Вучиќ ни испрати силна поракa: Чувајте се и ве сакам
Следна статија(ФОТО) Тргна работата – во Грција поставени првите лежалки со заштита