(ВИДЕО) Снимка од пред еден месец во која Драган Вучиќ ни испрати силна поракa: Чувајте се и ве сакам

0

Македонија утрово ја дочека тажна вест откако беше објавено дека по чинал Драган Вучиќ, познатиот музичар, композитор, водител и шоумен, пионер во многу нешта.

Прв беше кој измисли талент-шоу кај нас, „Вашите пет минути“. Тоа беше едно од првите музички натпревари во регионот и еден од најгледаните Тв проекти во Македонија.

Малкумина паметат дека во тоа шоу, настапи еден од нашите најдобри женски вокали, која е сега во САД, Александра Пилева. Во друго негово музичко шоу подоцна, „Мак ѕвезди“, првпат пред јавноста настапи еден од нашите најпопуларните пејачи, Влатко Лозаноски-Лозано.

„Среќни коцки“, „Возење со Вучиќ“ и најновата „Гурмански муабети“ беа дел од многуте негови Тв проекти. Немаше свадба без луѓето да се веселат на неговата позната „Ника, Ника“ која испеа со групата „Кода“.

Песната која е прогласена за најголем хит во историјата на „Макфест“, „Свирете ја Зајди Зајди“ е негово дело како и „Ангели ме носат“ на „Силви бенд“.

Со Вучиќ се слушнавме пред околу две недели. Го поканивме да биде дел од жирито во една од нашите карантински емисии “Талент шоу“.

„Не се лутете, не е ништио лично, ама ајде да почекаме подобри времиња“, културно нè одби. Звучеше расположено и весело.

Пред околу еден месец, со задоволство се согласи да биде дел од кампањата на Еден на Еден, „Седи дома“. Во видеото што ни го испрати, најмногу нè развесели онаа негова познат смисла за хумор, нешто по што вечно ќе го паметиме.

„Имам една титула и морам да ја споделам со вас, јас сум пратеник. Зошто сум, затоа што малце-малце ме праќаат на пазар. Жаре чао, драги мои, чувајте се и ве сакам“, рече Драган во видеото.

СЕЌАВАЊЕ НА ДРАГАН ВУЧИЌ

Пред нешто повеќе од еден месец ни го испрати ова видео. Со задоволство се приклучи во нашата кампања #1на1 #СедиДома. Ваков ќе го паметиме нашиот Драган Вучиќ. Ведар, насмеан и секогаш духовит.

Публикувахте от Eden na Eden в Понеделник, 4 май 2020 г.

Претходна статијаФилипче: Во следниот период ќе имаме новo Свето тројство
Следна статијаКаракачанов: Време ли е заедно да го чествуваме Гоце Делчев во Баница