Бугарски пратеник ја воодушеви македонската јавност со својот потег – со донација од над 60.000 евра

0

Минатиот месец на граничниот премин Деве Баир државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ прими дел од донацијата која Министерството за одбрана на Република Бугарија ја донира на нашата земја преку Министерство за одбрана.

​Донацијата ја предаде Илија Налбантов, шеф на политичкиот кабинет на бугарскиот министерот за одбрана, Красимир Каракакачанов.

На самото примопредавање, државниот секретар Николиќ упати благодарност до Министерството за одбрана на Република Бугарија и додаде дека на дело се покажуваат добрососедските односи особено во овие тешки моменти. Тој додаде дека секоја поддршка во овие моменти е мошне значајна во оваа битка со COVID-19 вирусот и дека секоја помош нашите граѓани ќе ја паметат.

„Знаеме да си помагаме и така ќе продолжиме и понатаму, а сега и како НАТО сојузници и преку НАТО механизмот за помош. Тука сме секогаш кога ќе биде потребно затоа што најважни се животите на граѓаните“ – рече Николиќ.

Налбантов рече дека донацијата од Република Бугарија е во насока да се поддржат напорите на нашите здравствени работници за спречување и контрола на ширењето на вирусот COVID-19.

Ова е првиот дел од донацијата и истата содржи 100 заштитни медицински одела и заштитни маски за повеќекратна употреба.

Во меѓувреме, денес бугарскиот пратеник Делјан Пеевски донираше заштитни облека, очила и медицински материјали, во висина од над 60.000 евра за да им помогне на лекарите во Северна Македонија. Добротворната организација на пратеникот, кој е најголем донатор во борбата против Ковид-19 во Бугарија, со братски гест излезе надвор од границите на земјата.

Пред само неколку недели, Пеевски, кој е член на Движење за права и слободи (ДПС) во бугарското национално собрание, и претходно донираше заштитна облека и материјали за медицинските лица во Северна Македонија.

Владимир Крастевски преку бугарските медиуми рече дека гестот, како и донациите добиени од бугарските донатори, покажува дека постои солидарност меѓу двете држави.

Претходна статијаКаракачанов: Дедото на Груевски и бабата на Шеќеринска биле најпочитувани бугари во Штип
Следна статијаНа Инфективна клиника во Скопје ќе може малку да здивнат – за првпат од епидемијата во 24 часа нема прием на нови пациенти