Симон Трпчевски: Денес одбележувам 20 години од еден мој посебен момент

0

Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња.

За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.

Трпчевски се огласи на својот профил на Фејсбук каде што напиша:

Денес, 29.04.2020 година, одбележувам 20 години од еден мој посебен момент – почеток на мојата професионална кариера, како еден од победниците во финалето на Милениумскиот светски натпревар за пијано во Лондон (29.04.2000), под покровителство на Н.Е.

Принцот Чарлс, и мојот прв настап со Лондонскиот филхармониски оркестар, во концертната сала Royal Festival Hall, во изведба на Концертот за пијано и оркестар бр.3 од Сергеј Прокофјев, кога имав чест да ми биде врачена наградата лично од Н.Е. Принцот Чарлс… 20 години од финалето на Милениумскиот светски натпревар за пијано во Лондон, кога мојот професионален живот се сврте кон друга насока.

… Искра на еден млад музичар од една мала, но историски значајна земја – Македонија, на една од најважните светски концертни сцени (Royal Festival Hall), како во сон опкружен со Лондонскиот филхармониски оркестар…

Премногу добро за да биде вистинито… млад човек кој се стремеше кон таков момент кој што до денешен ден продолжува да биде негова движечка сила за споделување на музичката магија со многу луѓе ширум светот, на концертните сцени и надвор од нив…

Сеќавање на средбата со почесниот покровител на натпреварот, Н.Е. Принцот Чарлс… кој години подоцна, ја сподели радоста во истиот ден за Кралската свадба на неговиот син Вилијам (29.04.2011).

… Моменти што ми го збогатија животот… Благодарен сум им на татко ми и мајка ми и на целата моја фамилија за „маратонот“ што тие го „трчаат“ со мене во текот на сите овие години, како и на моите професори, мојот менаџмент, и на сите искрени пријатели, колеги, поддржувачи и прекрасната публика низ целиот свет, за нивната постојана поддршка која претставува голема инспирација за мојот професионален успех и продолжување на мојата долгогодишна мисија за промовирање на македонската култура на сите континенти, што е нешто што го правам со гордост и од срце!

Исто така, денес е Меѓународен ден на танцот. Среќен меѓународен ден на танцот! Да продолжиме да танцуваме! 🙂

Да наздравиме за здравјето и добрите сеќавања во животот… и за многу повеќе!

Претходна статија(ВИДЕО) „Виз ер“ од 1. мај воведува важна промена за сите патници
Следна статијаЌе видиме ли летово одмор на море – пристигаат најави од Хрватска, Малта, Италија и Грција