Венко Филипче пред малку сподели убава вест лично за него: Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа

0

Како што е познато, по одлука на Владата донесена на вчерашната седница на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија. Апелирам до сите граѓани да се почитуваат без исклучок. Да го заштитиме сопственото и јавното здравје.

Како што е познато Министерот Венко Филипче изминатите две седмици ги мина во домаашна изолација поради посетата на Куманово и средбата со тамошниот градоначалник Максим Димитиревски кој беше заразен.

Пред неколку моменти, Филипче на својот профил на Фејсбук се огласи и со јавноста сподели:

Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на КОВИД-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова практично завршува мојата 14-дневна изолација. која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик.

Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно.

Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронаирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката.

Претходна статијаИ вториот случај со Корона во Пехчево e медицинско лице: Доктор кој се вратил од пензија да помогне
Следна статијаУште еден ден во Македонија со повеќе оздравени во однос на нови случаи со Корона