И вториот случај со Корона во Пехчево e медицинско лице: Доктор кој се вратил од пензија да помогне

0

Во малиот град на истокот од државата Пехчево има и втор случај на корона вирус. И овојпат станува збор за медицинско лице

Откако пред неколку денови се појави прв случај на корона вирус во Пехчево, каде позитивен беше возач на Брзата помош, кој работно бил во Скопје, сега се заразил и доктор кој бил во пензија но продолжил со работа.

Втор позитивен случај на Ковид-19 во Пехчево. Според информациите од епидемиологот Сузана Каракашова, станува збор за лекар кој по пензионирањето се активирал за поддршка на здравствените работници во борбата против коронавирусот.

-Вториот пациент кој е позитивен на коронавирус е хоспитализиран на 27 април 2020 година. По земањето брис било констатирано дека е позитивен на Ковид-19. Чувствувал малаксаност и имал температура.

Моментално ја прима потребната терапија и е во добра состојба. Блиските лица со кои имал контакт се ставени во изолација, вели Каракашова.

Во меѓувреме како што додава епидемиологот, помина изолацијата за лицата кои беа во контакт со првото лице кое беше заразено од Ковид-19.

-Во врска со претходниот случај на 12 здравствени работници им се направени тестови и сите се негативни. Лицето исто така е во добра состојба. Со новиот случај ќе ги следиме и останатите контакти и доколку има потреба и тие ќе бидат тестирани додава Каракашова.

Вториот случај на коронавирус во Пехчево се јавува по 10 дена откако беше објавено дека шофер во Итаната медицинска помош е првиот позитивен на Ковид-19 во Пехчево.

Претходна статијаВеста на денот пристига од Прилеп: Бабичка на 85 години се излечи од корона вирусот
Следна статијаВенко Филипче пред малку сподели убава вест лично за него: Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа