Организираното одгледување на медоносните пчели, со основна цел да се произведе високо вредниот мед, е познато уште од времето на првите човечки цивилизации.
Овие цивилизации, сопствените потреби за основна прехрана и засладување на храната, најнапред ги задоволувала преку медот кој го краделе од дивонаселените пчелни семејства во дрвјата и карпите.
Набрзо, кога ги увиделе одличните нутриционистичко-фармаколошки вредности на медот и восокот, почнале организирано да ги одгледуваат овие извонредно корисни инсекти.

Понатаму, човекот преку изучувањето на билогијата на пчелите и нивното одгледување, ја увидел можноста за производство и искористување на други производи од медоносните пчели.
Покрај веќе познатите мед и восок се поинтензивно почнало да се произведуваат и користат и поленот, прополисот, матичниот мед и на крај и пчелниот отров. Покрај директната корист, најголемото значење што овој инсект го има за природата е способноста за опрашување на растенија, пред се овошните култури.
Мечка ноќеска го нападна пчеларникот на битолчанецот Никола Наумовски кој се наоѓа покрај патот за Пелистер, на само еден километар од Битола, пренесува Телма Тв.
Уништени се неколку сандуци со пчели, а Наумовски вели дека мечките посебно во овие месеци се во потрага по храна, па се осмелуваат да слезат дури до населените места, поради намалената фреквенција за време на полицискиот час.
Пчеларот вели дека ќе бара обештетување од државата за направената штета, затоа што ова диво животно е заштитено со закон.