Некогашната музичка ѕвезда Ламбе Алабаковски кој во минатото важеше за вистински заводник кај понежниот пол веќе неколку години не живее во Македонија, но не се занимава и со музика.
Ламбе Алабаковски, македонскиот пејач денес живее во Америка, а наместо да се дружи со микрофонот, се занимава со друга професија и е обезбедување на Аеродром.
Се сеќавате ли на македонскиот пејач кој ја отпеја песната „Море од солзи“? Ламбе Алабаковски повеќе не се занимава со музика, а последна песна од него е „Ти само кажи“.
Некогашниот македонски пејач своето време го посветува на својот син Михаил и својата сопруга.
Родителството е благослов од Бога и е дефиниција за совршена љубов. После Михаил ништо не е исто”, рече пејачот за својот син, изјави во една прилика Ламбе.
Пејачот живее во Америка, а микрофонот го смени со работа како обезбедување на аеродром.
Днеес, Ламбе изгледа поинаку од своите почетоци, па ретко кој би го препознал на улица. Пред неколку дена Алабаковски на Инстаграм сподели фотографија со семејството.
Пејачот Ламбе Алабаковски деновиве стана татко по вторпат. Неговата сопруга Магдалена му роди син, а среќната вест Ламбе ја сподели на социјалните мрежи каде напиша:
„Добродојде Димитриј. Во оваа светла седмица уште една радост од Бог, ја споделуваме со вас“, стои покрај објавата на Алабаковски.
Ламбе и Магдалена го имаат и синот Михаил, а веќе со години живеат во Америка..