Важна информациа за сите оние Македонци на кои им истекува пасошот или личната карта

0

Како што е познато неодамна на седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски беше одлучено за прогласување нова вонредна состоја, која ќе трае во следните 30 дена.

Пендаровски посочи дека уставотворецот нема предвидено ситуација во која Собранието не работи, не ја потврдува првата одлука за вонредна состојба, а има потреба од нејзино продолжување.

Тој вели дека ја презема одговорноста да донесе одлука за постоење утврдување потреба од вонредна ситуација во период од 30 дена.

„Вчера добив предлог за воведување вонредна состојба во следните 30 дена. Во согласност со процените, jасно е дека е потребно повторно прогласување вонредна состојба. Одлуката ќе ја донесам во согласност со моите уставни надлежности и ќе трае во следните 30 дена. Уставотворецот нема предвидено ваква ситуација, Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната состојба.

Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту од нив нема побарано апанажа по завршување на мандатот, значи дека тие се сè уште со валиден мандат, а Собранието сепак не работи, јас ја преземам одговорноста за ваква одлука затоа што имаме ситуација без преседан, кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето отколку да се криеме зад правни толкувања“, посочи Пендаровски.

Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба,изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски во интервју за „Слободен Печат“.

-За ова владата донесе уредба со законска сила и таа важи. Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16 часот.

Проблемите со обрасците за пасоши се надминати и секој граѓанин може да аплицира и тоа преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страницата на МВР.

За сите овие документи за кои прашувате Владата на РСМ донесе уредба со која го продолжи нивното траење поради вонредната состојба во државата.

Значи тие документи се валидни и граѓаните немаат потреба да вадат нови додека трае вонредната состојба. По завршувањето на вонредната состојба граѓаните на кои им истекла важноста на документот ќе имаат 30 дена рок за да извадат нов документ – кажа Ангеловски.

Претходна статијаДокторот Пановски со оптимистички најави за Корона: Треба да издржиме уште две седмици
Следна статијаОд Германија пристигнаа одлични вести за сите оние кои имаат бугарски пасош