Докторот Пановски со оптимистички најави за Корона: Треба да издржиме уште две седмици

0

Докторот Никола Пановски во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека пик на бројот на заразени со корона вирусот нема да има, или ако може да се смета за пик, тоа било кога бројката на новодијагносстицирани за еден ден беше 107.

-Беше евидентно дека Кризниот штаб го предвидуваше полошото сцернарио и беше претпазлив. И самите рекоа дај Боже да биде подобро. И се разбира вака е подобро.

Сега бројот ќе паѓа, немаше пик, како што јас кажав. Тоа беше и целта да нема пик. Јавноста треба да знае дека има и процент на позитивни тестови кој одеше и преку 10 посто, а сега е под седум проценти. И тоа охрабрува.

Според мене, пик нема да постои, или ако постои, тоа беше кога бројката беше 107 за еден ден. Сега кривата оди надоле. Епидемилолизте се свесни дека бројката нема да оди нагоре. Бројот на починати уште 15тина дена ќе остане ист, можеби и ќе расте.

Треба да издржиме уште две недели со построги мерки и вирусот со високите температури ќе исчезне или ќе се истошти, рече Пановски.

Пановски изјави и дека сегашните мерки требало да бидат на сила и пред велигденските празници, како и за тој викенд, односно дека немало логика од 4 часот да почнува полицискиот час, туку само да било воведено задолжителното носење на маски.

Докторот Никола Пановски во денешното гостување на телевизија Канал 5 рече дека секако има страв кај граѓаните, дека некои мерки беа престроги, дека некаде се погрешни, кој бил во право ќе видиме подоцна.

-Треба да имаме предвид дека два месеци децата и возрасните се затворени дома, тоа е голем ризик по здравјето, на сите им треба сонце. Некои вирусолози и епидемиолози во странство викаат дека новата парола ќе биде место остани дома, излези надвор со маска, бидејки самиот витамин Д го подобрува имунитетот, вели Пановски.

Претходна статија(ФОТО) Последната објава на Вучиќ привлече големо внимание – откри што јаде
Следна статијаВажна информациа за сите оние Македонци на кои им истекува пасошот или личната карта