(ФОТО) Последната објава на Вучиќ привлече големо внимание – откри што јаде

0

Координациониот состанок на претседателот на Србија и Владата на Србија во врска со ситуацијата околу епидемијата коронавирус беше одржана утрово, дознава Курир.рс

Како што пишува порталот, претставници на Владата на состоанокот изразиле загриженост поради незадоволството на еден дел од граѓаните на мерките кои државата ги спроветува, како и загриженост за тоа дали ќе се почитува забраната за движење за првомајските празници.

Како што е познато, лекарите од Кризниот штаб за сузбивање на коронавирус апсолутно се против укинување на полицискиот час за први мај и интензивно попуштање на мерките.

Претседателот Вучиќ на состоанокот рекол дека е подготвен сите заедно да размислат за преиспитување на одлуката за забраза за движење.

-Не разбирам дека не можете да го издржите притисокот за спроведување на мерките против короната, и ако мислите дека треба да го ризикуваме здравјето на граѓаните подготвен сум да размислиме за тоа. Но, мораме да го уважиме и гласот на граѓаните кои пристојно и во тишина водат сметка за себе и другите, ракоплескајчи на докторите. Се нагледав разни обиди за протести и политиканство.

Ние ќе се занимаваме со политика тогаш кога граѓаните ќе бидат безбедни – со мирен глас рекол претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Курир.рс

Србија од понеделник ќе живее во нешто порелаксирани мерки на вонредна состојба поради коронавирусот.

Со работа ќе почнат фризерските салони и теретаните, а полицискиот час кој ќе трае од четврток во 18 часот до понеделник во 5 часот би требало да биде последна толку долга забрана за движење на граѓаните поради пандемиата, бидејќо после тоа се очекува враќање на многумина на работа, се очекува да почнат со работа градинките и кафулињата, се разбира со задолжително почитување на физичката дистанца од 2 метри.

Така и претседателот Александар Вучиќ, како и други граѓани, се врати на редовниот работен ритам.Тој на Инстаграм се оглси со убавите вести и вообичаените активности.

После долго време се враќаме на вообичаените активности. Ручек на работа, извонредна боранија – напиша Вучиќ.

Претходна статијаНова надеж за болните од Корона во Македонија: Од утре се започнува со уште два вида терапии
Следна статијаДокторот Пановски со оптимистички најави за Корона: Треба да издржиме уште две седмици