Како што попладнево информираше Министерството за здравство, од Институтот за јавно здравје регистрирани се 53 оздравени пациенти од корона вирус од кои Скопје 25, Куманово 13, Прилеп 5, Струга 1, Битола 4, Охрид 1 и Кочани 4
Во изминатите 24 часа направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти.
По чинаа 4 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.
По чина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.
Министерот Венко Филипче денес ја одржа својата прес-конференција на која ја информираше јавноста за новостите со корона вирусот во последните 24 часа во нашата држава.
„Апаратот за озонирање од денес е пренесен во ГОБ 8-ми септември каде што ќе започне применување на оваа терапија со озон во крвта. По студија на стручните служби со пример во светот има информации дека ова помага.
„Во првиот момент кривата на ново дијагностицирани кажуваше дека ќе стигнеме до 2000, до 2500 пациенти. Но сега проценките би биле поинакви, секако дека сакаме и очекуваме да имаме помалку заразени пациенти. Сега некои наши последни анализи од пред една недела ни укажуваат дека оваа бројка може да биде помеѓу 1600 до 1700. Но не се опуштаме, сакаме овој тренд вака да продолжи.
Одлуката ќе биде донесена на утрешната седница на Влада. На утринскиот состанок на штабот. Јас го изнесов мислењео од состанокот на комисијата за заразни болести, која со консензус треба одлучи викендот повторно да биде затворен како за Велигден, од петок до понеделник. Видов реакции на Министерот Чулев, сметам не треба да станува збор за лично мислење или тенденција, сите овие мислења се темелат на стручни мислења.
Знам дека ниој не би сакал дома да седи, но има причина за тоа. Ќе видиме на седница на Влада каква одлука ќе се донесе и ќе ја известиме јавноста.