Докторката Гордана од Куманово и по 35 дена е позитивна на Корона вирус: Лута сум

0

Докторката анестезиолог од болницата во Куманово која беше помеѓу првите медицински лица што беше заболена од Корона вирусот, Гордана Николиќ постојано на социјалните мрежи, поточно Фејсбук ја споделува својата состојба.

Пред неколку дена напиша емотивен текст во кој вели:

Месец дена гардероба ми се пижами и тренерки. Месец дена дома….упс , “се прошетав” десетина дена до Инфективна клиника во Скопје .Месец дена станувам со мисла….ќе биде добро, издржи до крај.

Не е обичен карантин ова кога си здрав па си работиш се по дома и само имаш страв да не се заразиш од некаде ако мораш да излезеш да пазариш. Ова е месец дена лекување од вирус (професионално заработен), вирус за кој уште на многу големи имиња им е непознаница, месец дена страв за животот , за непредливоста на болеста, на последиците што може да ги остави. Но решив да го победам, одамна решив, зошто му ветив на син ми.

А ветеното го исполнувам. И моја среќа што решив емоциите да ги преточам во пишан збор, може мене така ми стануваше полесно , а во вашите коментари во кои ме храбревте наоѓав сила за борбата. Со вашата љубов се хранев.

Вирусот упорен седи кај мене , но ќе го избркам , знам. Го регистрираа кај мене за 48 сати по контакт со заболена пациентка ( што е реткост) и еве месец помина….и чекам тестови пак , контролните без позитивни, се надевам сега ќе се негативни и читам колку најдолго може да се носи…и се тешам : па ти никогаш не си како сите други, зошто се чудиш и плашиш ?

И тогаш се помирувам и продолжувам . Птиците и ова утро пеат и ме радуваат преку отворената врата на терасата….Колку би се менувала со оние кои одат на работа и се здрави .

Во меѓувреме синоќа докторката објави дека и понатаму е позитивна на вирусот иако минаа 35 дена откако и беше откриен, а во меѓувреме се лечеше и на Инфекитвна клиника во Скопје.

Единствено што е негативно кај мене за сега , е РХ факторот на крвната група. Вирусот уште ќе поседел вели тестот( 35 ти ден е кај мене ) …. и пак позитивен тест..

Италијанската манекенката 56 дена го носела , јас божем не сум манекенка, обичен анестезолог сум…Лута сум малку , ама немам избор…..што би рекле, повеќе среќа во следното коло на лото. П.С…на кое копче се исклучуваат емоциите кај нас таквите, зошто стресот очигледно го прави своето, колку и да не сакаш да признаеш.

Претходна статијаФилипче објави каква препорака ќе даде за 1. мај: Предлогот е повторно затворен викенд како за Велигден
Следна статијаНова надеж за болните од Корона во Македонија: Од утре се започнува со уште два вида терапии