Ванковска: Не се секирајте до прославата на Рамазан сите ќе се оправиме и ќе нема карантин

0

Статус на професорката Билјана Ванковска:

Ја следев денешната прес-конференција на министерот за здравство, и впечатоците ми се дека овде стануваше збор за праќање повеќе пораки:

1) Редовна статистика на состојбата со ковид-19 (за што министерот нема зошто да губи време, ама ајде…) – која почнува со добрите вести, а завршува со лошите (good news and bad news). Она со респираторите се’ повеќе ми личи на смртна казна, а не на начин на лечење – моја перцепција, па се прашувам дали (да чукнам во дрво) ако стасам во таква ситуација ќе имам право да одлучам дали сакам да ме спасуваат така или да ме пуштат да си заминам без тортура…

2) Политичка (внатрепартиска) драмолетка, со заплети и тензии, нешто што веројатно ќе се претвори во сапунска серија како што засега стојат работите – а што апсолутно не ни е потребно во ваква ситуација… А божем не се размислува за избори кога и врапчињата знаат дека избори ќе има, па таман и пола нација била изложена на ризик.

3) Но, затоа ќе не’ чуваат во тридневен карантин заради Први мај (УАУ, не сум знаела дека Први мај е толку важен празник, па луѓето си оделе на гости, слават и слично – досега од инерција го имавме за неработен ден, ама само левичарите го одбележуваа симболично, но на работниците им стана неважен затоа што или станаа прекаријат или работат и на Први мај).

4) Режимот со мерките ми личи на добар полицаец и лош полицаец (good cop and bad cop)… Малку попуштање, повеќе затегање…

Упатството за носењето маски (марами, шалчиња) им е толку „округло на ќоше“, што секој полицаец добива арбитрерно право да процени дали некој е на отворено каде не може да се одржат два метри дистанца или не…

Освен тоа, и аматер знае дека е сосема различно каква маска носиш – од оние кои штитат или од оние кои се повеќе поради политичко-психолошки карактер (еве, правиме нешто, па макар и не ве заштитило).

А и карантинот зависел од тоа дали ќе бидеме непослушни или ќе слушаме… Но, не се секирајте до прославата на Рамазан сите ќе се оправиме и ќе нема карантин. До избори – кукурек ќе бидеме! Сите позитивни! Пардон, мислев негативни… Ризични ќе бидат само оние кои не се ултралеви како Шилегов

Претходна статијаДоктор Сашко Николов: Медицинскиот свет е во фаза 3 или 4 од испитување за да се пушти во употреба вакцина против корона
Следна статијаДокторката Верица го победи корона вирусот: Од почетокот на пандемијата максимално ги почитував препораките за заштита