Уште една омилена туристичка дестинација на Македонците најави кога го враќа туризмот

0

Грчкиот министер за турзам Харис Теохарис изјави дека за летување ов Грција годинава ќе биде потребна т.н. корона патна исправа, односно посебен пасош кој го промовираат. Како што објасни, тоа е метода за безбеден влез во земјата.

Притоа, тој се повика и на консултациите кои се одвиваат во Европската унија во моментот за тоа како секој европски граѓанин кој сака да патува мора да помине посебни тестови за корона вирусот.

Се проценува дека туризмот во Грција ќе има пад од 50%, а земјата не очекува гости надвор од Европа. Грчката влада најави постепено укинување на мерките за ограничување на движењето од 4 мај натаму, а процесот би требал да заврши до крајот на јуни.

Туристичката сезона очекуваат да започне во јули и да трае и во август и во септември, а постои можност и да се продолжи во октомври, па дури и во ноември. Поради пандемијата на корона вирусот, Грција забрани влез во земјата за сите патници надвор од Европа, а ги забрани и летовите од шест европски земји – Турција, Велика Британија, Холандија, Шпанија, Италија и Германија. Тие забрани ќе важат до средината на мај.

Турција ќе ги сертифицира туристичките дестинации без коронавирус, објави „Дејли њуз Хуриет“, повикувајќи се на изјава на министерот за култура и туризам.

Според иницијативата на турската влада, сертификати за зона без коронавирус ќе бидат издадени на туристички места и одморалишта.

„Процесот на сертификација веќе започна да ги идентификува овие области“, рече Мехмет Нури Ерсој за една приватната телевизија.

Министерот рече дека Турција првично ќе развие меѓународно прифатен систем за сертификација. Во комисијата ќе бидат вклучени и претставници на министерствата за здравство, транспорт и земјоделство кои ќе издаваат сертификати. Таа веќе ја одржа својата прва средба минатата недела под координација на Министерството за култура и туризам.

Турскиот туризам ќе ја започне новата сезона кон средината на мај a Tуркиш Еарлајнс својте летови ги почнуваат на 20 мај

Комитетот ќе вклучува и невладини организации, при што системот за сертификација се очекува да заврши брзо, веројатно во првата недела од мај. „Ние ќе продолжиме да го организираме приемот на ваквите сертификати од туристичките комплекси до крајот на мај“, рече Ерсој.

Министерот за туризам изрази очекување дека домашниот туристички сообраќај ќе продолжи во јуни по олабавување на мерките за нормализација на пандемијата до средината на мај.

Претходна статијаДенис: Моево писание не е за да привлечам браво, си ја сакам работата и ова го работaм со многу љубов
Следна статијаФилипче сподели убави вести ова неделно попладне: Најголем број излекувани од Корона досега во еден ден