Нова позитивна вест за граѓаните: Од утре се укинува уште една забрана

0

Како што е познато, по вчерашната одлука на Влада, од денес четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот. Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

Од утре повтроно ќе може слободно да се шета во македонските шуми. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“, ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште со кој стопанисува ЈП „Национални шуми“, донесена на 16 април годинава.

„Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови МЖШВ, на барање на ЈП „Национални шуми“ , ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението стапува на сила од утре, 24 април“, соопшти МЗВШ.

Додаваат дека ЈП „Национални шуми“ ќе продолжи да ја следи состојбата со шумите и движењето на граѓаните и доколку се процени дека повторно се создале услови за ризик од шумски пожари, забраната повторно ќе се воведе.

Од МЗШВ потсетуваат дека според Законот за земјоделско земјиште и Законот за ловство, забрането е палење на стрништа, плевел и други отпадоци во ловишта, и друг отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари и во таа смисла ги повикуваат граѓаните одговорно да се однесуваат додека се движат низ шума и да не фрлаат догорчиња и запалливи материи.

Претходна статијаДенес пристигна убава вест – еден од првите македонски политичари со Корона оздраве
Следна статијаЛоши вести за оние што планират да се преселат во САД по новиот потпис на Трамп