Со Корона вирус е заразен поп кој служел велигденска литургија во соседна Србија

0

Вкупниот број на заразени во Србија од Ковид 19 изнесува 6.890. Во болница се 3.660 пациенти од кои на респиратор се наоѓаат 101.

Бројот на излекувани пациенти, во моментов е 977. Бројот на см ртни случаи е 130, од кои 5 се регистрирани во последното деноноќие.

Крајот на епидемијата на коронавирус во Србија може да се очекува меѓу 10 и 12 недела, вели епидемиологот д-р Предраг Кон.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека епидемолошката состојба се подобрува и дека поради тоа размислува за продолжување на предизборната кампања и распишување избори.

Постарите од 65 години од денеска ќе можат да се прошетаат во вторник, петок и во недела на половина час.

Пензионерите ќе можат да прошетаат половина час помеѓу 18 и еден часот по полноќ, најмногу шестотини метри од нивното место на живеење.

Сите работодавци се должни на работниците да им обезбедат заштитна опрема (маски, нараквици и средства за дезинфекција), а работата мора да се изврши на социјална оддалеченост.

Од соседна Србија ни пристига вест која вели дека близок соработник на српскиот патријарх Иринеј е позитивен на коронавирусот и хоспитализиран во болницата во Земун. Според српските медиуми, станува збор за поп кој служел велигденска литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград.

На неделната литургија таму присуствувале десетици верници, а попот сам се пријавил кај надлежните откако ги почувствувал првите симптоми, пренесува „Нова С“, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ.

Тестирани биле и дваесетина лица поврзани со белградската црква. На велигденската литургија верниците се причестувале од иста лажичка и чаша.

Претходна статијаДокторот Владимир Микиќ најави кога во Македонија ќе се знае колку луѓе го прележале Корона вирусот
Следна статијаКристијан – главниот советник на Ангела Меркел знае како со коронавирусот