Доктор Беќаровски кажа зошто старите над 67 и помладите од 18 треба да имаат по уште два часа во денот за движење

0

Како што е познато, новите ограничувања за граѓаните на територијата на целата држава со цел спречување на ширење на корона вирусот стапија на сила од 8. април 2020 година во 16 часот.

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително за лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Докторот Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија со свој статус на Фејсбук по повод актуелната состобја:

Децата до 18 години и пензионерите над 67 години мора да имаат 2х2 часа можност за СОНЧАЊЕ за да не добијат РАХИТИС, односно СПОНТАНИ ФРАКТУРИ.

Зошто пензионерите не би смееле да се прошетаат од 16.00 до 18.00 секако на растојание од 2 метри, а децата од 18.30-20.30, со еден родител за децата до 10 години.

Во тоа време, не работат ниту банки, ниту маркети, ниту автобуси така што сите би апсорбирале само сончева енергија и би пешачеле, за да не заборават да одат.

Слично би можело да се организира за сите граѓани во текот на викендите, секако во поделени групи, со сите мерки за социјална дистанца.

Претходна статијаНаум Петрески: Од денес јавно кажувам дека повеќe не седам во карантин – кој ли вас ве стави на власт
Следна статијаГлавната ѕвезда Милош Биковиќ откри кога да ја очекуваме втората сезона од „Јужни Ветар“