Од петок во 16.00 па се до утре изутрина во 05.00 часот ќе трае најдолгата рестрикција на движењето на граѓаните. Одлуката за 85-часовен карантин ја донесе Владата како една од најригорозните мерки за спречување на ширењето на епидемијата на корона вирусот.
Како што е познато, продолжена и вонредната состојба, која, како што информираше претседателот Стево Пендаровски ќе трае уште 30 дена.
Македонскиот пејач Наум Петрески настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други.
Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“. Оженет е со познатата македонска фолк пејачка Зуица Лазова со која живеат во Скопје.
Едно од најголемите дела во кое учествувал е проектот Македонска чалгија во која учествувал со дури 45 песни од 120, распределени во албум од 6 цедеа.
Својата држава ја претставувал во многу земји ширум светот, меѓу кои отворање на македонски културен центар во Истамбул-Турција, Софија-Р.Бугарија, претставување на македонската музика во опера хаус Сиднеј-Австралија и многу други настапи.
Остварувал соработка со гордоста на македонското оро Танец, со КУД “Кочо Рацин”, КУД “Орце Николов”, КУД “Билјана”-Скопје, со КУД “Панчо Пешев”-Куманово. Учествувал на голем број хуманитарни концерти, а се јавувал и како организатор на истите еден од нив е помош на децата парафлегматичари од Прилеп и околијата. Зад него се паметат три солистички концерти првиот во 1992год, вториот во 2001 и третиот во 2011год. на кои учествуваале врвни имиња од Македонија и Србија.
Денес, Наум Петрески се огласи на својот профил на Фејсбук и напиша:
„Од денеска јавно им кажувам на власите дека повеќе не седам во карантин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен грип кој ни го наметнуваат како опасен. Опасен да за луѓе со попречен имунитет е на тие луѓе ставете ги во карантин, а не сите нас. Кој ли вас ве стави на власт