Сашо Тасевски: Засрамете се – ако, нека ве прцаат ко сте кротки

0

Олабавувањето на рестрикциите во Македонија ќе биде во фази. Во првата фаза, ќе се намали времетраењето на полицискиот час, но задолжително сите ќе мора да носиме маски или марами, а ќе останат и мерките за забрана на групирања и задолжителна дистанца од 2 метри, објави потпреседателот на СДСМ Коста Петров.

Инаку задолжителното носење на маски/марами од среда се однесува на 3 града, а тоа се Прилеп, Куманово и Тетово.

-Во уредбата која треба да се донесе во врска со казнувањето, ќе стои дека првата недела ќе се даваат само опомени, дури потоа казни. Полицијата има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна.

Целта е да не се даде можност за казни без покритие. Многу важно, целта на оваа уредба, се разбира, не е казнување, туку обезбедување на пошироко почитување на правилата, пишува Петров.

Со своја реакција на сето ова се јави Сашо Тасевски кој напиша:

Опа, сега дојдовме до казни за неносење маски откако ќе ве сликаат. Багро сталинистичка, дали тоа значи дека ќе ги куражите граѓаните да се сликаат едни со други и да се кодошат по мреживе.

Оти кон тоа води ова вашево. Може и роднини да почнат да се кодошат кој носи а кој не носи маска. Ко оној пионер Павлик Морозов во време на СТАЛИН што го накодоши татко му за предавство, кој потоа беше невин осуден и убиен од садистите на Берија.

Додуша после и малиот пионер беше убиен од братот и таткото на неговиот татко. Сите роднини дале согласност за тоа, ако бил дете. Ова е вистински настан.

Па дури и вашите полицајчиња да сликаат луѓе по улици и под закана е надвор од умот. Има големи дилеми кој и дали треба да носи маска. Ваш лекар, епидемиологот Микиќ, инаку мој школски, на тв јавно кажа дека глупо е здрав човек да носи маска.

На својот народ му се поганите на глава. Засрамете се.

А вие народе, ќутете си и понатаму. Толку не гледате што прават? Сите ги олабавуваат мерките во регионов, они ги стегаат. Ако. Нека ве прцаат ко сте кротки.

Претходна статијаДанче Шишовска откако го победи Короан вирусот: Свесна сум дека ќе има и такви што ќе бегаат од мене
Следна статијаНадиа сведочи буквално за секој еден ден додека се борела со Корона вирусот