Доктор Злате од Скопје кој дежура за Велигден: Нашиот народ знае, секое зло за добро е

0

Тројца по чинати, 18 нови случаи и 21 излекуван пациент. Ваква е состојбата со коронавирусот изминатите 24 часа во Македонија.

На Инфективна битката со вирусот ја загубија жена на 46 годишна возраст од Лабуништа Струшко која три недели била хоспитализирана на Клиниката и дишела со помош на апарати и пациент од Прилеп на 71 година, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Куманово на 63 годишна возраст, хоспитализирана во тешка состојба и цело време била на респиратор.

Најмногу новозаразени има во Куманово 9, а за прв пат е регистриран случај и во Пехчево. Ковид -19 има во 24 општини.

За прв пат од пандемијата во земјава има повеќе излекувани од новорегистрирани. Ова се должи на помалиот број тестирања поради празничкиот викенд. Последното деноноќие направени се 263 теста. Досега во земјава регистрирани се 1225 заразени со коронавирус, излекувани се 200 пациенти.

Во моментот болнички се лекуваат 109 лица , а 9 се во критична состојба и на апарати за дишење.

Со објава на Фејсбук за време на празниците се огласи докторот Злате Мехмедовиќ од Скопје кој го напиша следново:

Дежурствата за празници беа нешто вообичаено, со тек на време навикнуваш на тоа дека некој празник нема да си дома со најблиските, ретко носевме маски, уште поретко ракавици, визири никогаш, белиот мантил беше сосема доволен.

Денес живееме поинакви денови, никој од нас не очекуваше дека ова искушение ќе ни ги промени животите.

Но нашиот народ знае, секое зло за добро е! Се додека е иста молитвата и благодарноста, Божјата благодат ќе не посетува и ќе ги озари нашите души.

Затоа имајте мир во душата, љубов во срцето, верба во Бога, радувајте се, простувајте и почитувајте.

Христос Воскресе, Нека е за многу години!

Претходна статијаПејачката Габи која имала тешко воспаление на белите дробови со сведоштво откако излезе од болница
Следна статијаДанче Шишовска откако го победи Короан вирусот: Свесна сум дека ќе има и такви што ќе бегаат од мене