Ноќта, во моментот кога се прогласува Воскреснувањето на Христос, православните верници наместо в црква, ќе бидат во своите домови поради полицискиот час, кој почна во 16 часот во петокот и ќе трае до 6 часот во вторник.
Во храмовите ќе се служат богослужби и литургии, кои ќе се пренесува во живо, а верниците ќе можат да ги следат пред малите екрани или на интернет. Свештеници повикуваат, пред полноќ, сабота спроти недела, верниците со свеќа в рака да излезат на терасите и во дворовите и да го запеат тропарот Христос воскресе.
Вонредната состојба настаната поради пандемијата со Ковид-19 наложи и вонредно празнување на најголемиот христијански празник Велигден.
Пораки верниците да се останат дома деновиве упатија и црковните лица и властите
Како што е познато католиците големиот празик Велигден го прославија една недела порано, а овој празник за првпат беше на еден поинаков начин поради актуелната ситуација со пандемијата од Корона вирусот.
Браќата Ѓуран и Мирсад Селмани од Македонија, сопственици на ресторан во Италија донирале над илјада бесплатни ручеци по повод католичкиот Велигден, објавија тамошните медиуми.
Тие сакаа на овој начин да ѝ се оддолжат на заедницата на земјата што пред неколку години со голема љубов го пречекаа него и неговото семејство.
Двајцата се сопственици на ресторан пицеријата „Ал Соле“ во гратчето Калдонацо во регионот Тренто во северна Италија. Одлична иницијатива ги привлече жителите на соседните гратчиња Левико, Пергин и други места.
Ѓуран и Мирсад во понеделникот решија да им понудат Велигденски ручек на над илјада луѓе: социјално загрозени лица, лица во карантин, стари лица, оператори на Центарот за лица со инвалидитет, како и на пожарникарите волонтери.
Својата благодарност кон двајцата угостители, лицата на кои им беше пружена помошта ја искажаа преку видео и песна.