Статус на Невена Величковска:
Почитувани Кумановци,
Куманово има 302 заболени, најмногу по глава на жител.Заболени се многу граѓани, над 40 медицински лица, полициски службеници, од денес и членови на општинскиот кризен штаб, членови на општинската администрација и градоначалникот Димитриевски.
Опасноста за Куманово се насетуваше уште пред месец и половина. Не заслуживме да бидеме оставени на цедило кога баравме засилени мерки и помош од државата.
Не заслужи медицинскиот персонал во Куманово да биде оставен на цедило и сам да се справува со најголемата опасност на почетокот со само 2 епидемиолози и без соодветна примарна заштита за справување со епидемијата, без навремени упатства и протоколи.
Не заслужија Кумановци Оливер со службени возила да држи партиски состаноци и по негова насока да се групираат луѓе спротивно на сите препораки на СЗО и да ги изложува на дополнителен ризик.
Тунелот пред болницата на Оливер веќе касни 2 месеци, исто како и останатите мерки.Кумановци заслужија многу повеќе и очекуваа одговорно однесување, барем од човек кој ја води Владата, а е од Куманово.
Кумановци заслужија засилен и заштитен медицински персонал и мерки на државна помош во здравствениот дом, реорганизација на фунцкионирањето на болницата со цел справување со опасноста.
Кумановци заслужија и требаше да им биде заштитено јавното здравје!
Куманово требаше многу порано да биде третирано како Дебар, да се превенира на време, но ти Оливер неможеше да ја победиш својата суета и остана нем слушател на нашите барања!
Се надевам после вчерашниот состанок и одржан совет на кој сите присуствувавме дека СОВЕСТА ќе проработи кај тебе и ќе станеш свесен за опасноста!
Не заслужија граѓаните на Куманово да живеат во ваква опасност, во која здравствениот дом е на колена, општината е на колена , со институции кои се на колена поради твојата НЕОДГОВОРНОСТ, а се најповикани да се справат со ситуацијата.
За крај,На сите граѓани на Куманово инфицирани од КОВИД 19, на сите медицински лица, членови на општинската администрација и на градоначалникот Димитриевски им посакувам лесно и брзо закрепнување!
Ве повикувам на смиреност, да ги почитуваме препораките и да го чуваме здравјето тоа ни е најважно!