До 65 проценти од хотелите во Грција се соочуваат со банкрот пандемијата. Се предвидува Грција да изгуби милиони евра во туризмот, бидејќи летувалиштата во Грција и нејзините острови имаат затворени граници за посетителите, пишува британскиот весник „Сан“.
Повеќето хотели се принудени да затворат поради новите регулативи донесени од грчката влада.Анкетата спроведена од грчката хотелска комора покажа дека 65 проценти од хотелиерите рекле дека најверојатно ќе банкротираат.
Според извештаите на локалните медиуми, загубите се проценуваат на 4,46 милијарди евра.
Иако постои надеж дека туристичката индустрија би можела да започне повторно во јули, многу компании и тур-оператори веќе се борат со проблемите.
Претседателот на комората Александро Василикос објасни дека туристичкиот пазар ќе се отвори бавно и болно, а дека во меѓувреме може многу работи ќе се случат.Тој додаде дека сега нема информации дека хотелите ќе започнат со работа по пандемијата бидејќи воопшто нема побарувачка.
Островите како Кос, Крит и Санторини обично се преполни со туристи за време на Велигден, а сега островите ги прекинаа повеќето од нивните патувања во обид да се справат со вирусот, и покрај тоа што на некои од островите немаат ниту еден случај пријавен на заболен од вирусот.
Од омилената држава за македонските турисит, Грција пристига вест според која во изминатите 24 часа во се регистрирани 22 нови случаи на Ковид-19, со што веќе четврти ден по ред се намалува бројот на заразени лица, откако вчера беа соопштени 25 новозаразени, наспроти 31 завчера и 33 во неделата.
Досега вкупниот број на инфицирани со Корона вирусот кај нашипт јужен сосед изнесува 2.192 случаи, Паралелно, бројот на жр тви од Ковид-19 се зголеми на 102 лица, откако по чина уште едно лице. Приклучени на апарати се 72 лица, а досега, во Грција, анализирани се 50.771 примероци.
На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, освен што беа соопштени последните податоци, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас и заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас се осврнаа и на рестриктивните мерки, за кои рекоа дека регуларно се во сила до 27 април, а нивното олабавување ќе биде постепено.