Елена Велевска: Престанете да не држите во страв – вистинските верници се плашат само од Бог, не од вирус

0

Црковните лица од храмот „Свети Петар и Павле“ – Ѓорче Петров подготвија програма за празнувањето на Велигден, во вонредната состојба поради Ковид-19. Во храмот ќе има секој ден литургии со ограничен број на верници. На Велика Сабота од 23 часот и 45 минути до 00 часот и 15 минути, кога се прогласува Христовото Воскресение, од црквата, ги повикуваат верниците да излезат на своите балкони и со свеќа во рака да го запеат тропарот на Воскресението.

Од „Св. Петар и Павле“ информираат дека на 16 април, Велики Четврток, литургијата ќе се служи со ограничен број на верници, а останатите ќе можат да присуствуваат на неа надвор од храмот заштитени со маски и ракавици и застанати на дефинираната раздалеченост едни од други.

– Светата Причест, секој од подготвените верници, ќе може да ја примат од 8 до 10 часот во духот на горенаведената претпазливост, информираат од свештеното братство на Црковната Општина „Св. Петар и Павле“ – Ѓорче Петров/ МПЦ – ОА.

– На 17 април, Велики Петок, од 7 до 16 часот секој верник, индивидуално, во храмот, може да се поклони на Плаштаницата, да се поклони пред Христос, за нас распнатиот и воскреснатиот! Во и околу храмот ќе бидат свештенослужителите со кои верниците ќе можат, индивидуално, на дефинираната раздалеченост, да разговараат, да се исповедат, да побараат совет, молитва, поткрепа во ова вознемирувачко време, велат од црквата „Св. Петар и Павле“.

На 18 април, Велика Сабота, на Богослужбите, поради избегнување на масовно собирање, ќе учествуваат само свештенослужителите.

– На Велика Сабота од 23 часот и 45 минути до 00 часот и 15 минути, во времето кога радосно го засведочуваме Христовото воскресение, на вашите балкони, со свеќа во рака – како симбол на светлината, животот и победата над смртта – и со радосно пеење на тропарот на Воскресението сите заедно да засведочиме дека живееме во и со радоста на

Но, и да не заборавиме, како ученици и следбеници Христови, дека во овие збунувачки и тешки времиња особено е потребно нашата љубов кон Господа да ја сведочиме и кон нашите ближни, особено кон оние кои се на првата линија на борба против епидемијата – медицинските лица, полицајците, продавачите, снабдувачите, но и кон сиромашните, старите, осамените и кон сите оние кои се гладни и жедни за љубов, внимание, помош, поткрепа, потенцираат од свештеното братство на Црковната Општина „Св. Петар и Павле“ – Ѓорче Петров/ МПЦ – ОА.

За верниците од православна христијанска вероисповед, како и за сите граѓани на државата важи превентивниот полициски час во контекст на заштита од инфекција од вирусот Ковид-19, напоменуваат од „Св.Петар и Павле“.

– На 19 април, недела, Воскресение Христово, на Богослужбите, поради избегнување на масовно собирање, ќе учествуваат само свештенослужителите, информираат од црквата.

На 20 април, понеделник, Воскресение Христово, на Богослужбите, поради избегнување на масовно собирање, повторно ќе учествуваат само свештенослужителите.

– На 21 април, вторник, Воскресение Христово, Празничната Литургија ќе се служи со ограничен број на верници, а останатите ќе можат да присуствуваат на истата надвор од храмот заштитени со маски и ракавици и застанати на дефинираната раздалеченост едни од други. Светата Причест, секој од подготвените верници, ќе може да ја примат од 8 до 10 часот во духот на горенаведената претпазливост, соопштуваат од црквата „Свети Петар и Павле“.

Црковните лица го цитираат првото послание од светиот апостол Јован:

„Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги сакаме браќата/ ближните свои; оној што не го сака братот/ ближниот свој, тој пребива во смртта. Секој, што го мрази братот свој/ ближниот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе пребива во него. Љубовта ја познаваме по тоа, што Тој /Христос/ ја положи за нас душата своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата/ за ближните свои. (1. Јован. 3, 14 – 16)“.

Во тој дух, велат тие, е и нашата љубов и одговорност кон нашите ближни, кон сограѓаните, а и свесни за состојбата со пандемијата која го измачува целиот свет, како и нашата држава, оваа година празнувањето на спомен денот на Христовата крсна откупителна жртва и Неговото Воскресение ќе биде прилагодено во однос на реалноста со која се соочуваме.

Презвитер Бобан Митевски од црквата „Св. Николај Чудотворец“ во Аеродром вели не би можел да предвиди дали е можно да се собре многу народ во црквите и да се создаде гужва.

– Не би можел да предвидам. Но, луѓето како што имаат потреба да бидат во редовите пред маркетите и друго, тие се и духовно жедни и имаат потреба од Бога, од присуството во храмот. Да веруваме дисциплираноста и во имањето чувство кај нашиот народ за состојбата. Всушност, апелираме на тоа, вели тој.

Во однос на распоредот на богослужбите, презвитер Митевски истакна дека тие се усогласени со устројтвото на Црквата.

Согласно устројството на Светата Црква, а и согласно благословот од САС на МПЦ-ОА, свештенството при храмовите ќе ги богослужи предвидените богослужби.

Во храмовите не се благословува присуство на верен народ за време на богослужбите, но храмовите ќе бидат отворени по богослуженијата за посета, поклонение, индивидуална молитва, принос. При тоа апелираме да се почитуваат мерките за ред и пристапување, да не се прави групирање на повеќе луѓе, да се задржува потребното растојание и носејќи ги потребните средства за заштита, истакна презвитер Митевски.

Премиерот Оливер Спасовски апелира да се почитуваат мерките на Владата, да нема собири на Велигден, а најголемиот христијански празник да го поминеме во кругот на семејството.

– Јас знам дека сега се моменти кога за ваков христијански празник луѓето имаат и духовна потреба да отидат во храмовите, но сега овој момент на зачувувањето на здравјето и животот на граѓаните и на спречувањето на ширењето на вирусот е исто така една голема одговорност што ја имаме сите пред нас, истакна Спаспвски.

Пејачката Елена Велевска преку својот профил на Фејсбук се огласи и испрати порака:

Престанете да не држите во страв.Ние сме се избориле со многу потешки ситуации од вирус.На луѓето им е потребна вистинска помош по здравствените установи, во кои е скоро недостапно да се обратат.

Штетата е повторно по народот и психичка и материјална.Вистинските верници се плашат само од Бог, не од вирус. Животот треба да продолжи

Претходна статија(ВИДЕО) Алфа објави снимка како пациент во возило на Брзата помош чека пред инфективно во Охрид
Следна статијаСе смирува ситуацијата во омилената држава за македонските туристи – четврти ден паѓа бројот на заразени од Корона во Грција