Конечно пристигаат нови респиратори во Македонија: Филипче најави кога и во колкав број

0

Денеска имаме нови 42 лица оздравени од коронавирусот, се надевам дека овој број ќе продолжи брзо да расте. Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -13, Куманово -25, Штип – 1, Прилеп – 10, Тетово – 1, Велес – 2, Гостивар – 1, Кичево – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 908 лица.

За жал, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово. Во Болницата „8 септември“ починаа 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г).

Министерот за здравство, Венко Филипче денес одржа и редовна прес-конференција на која ги соопшти новите информации поврзани со корона вирусот.

„Денес имаме позитивен случај на корона на лаборант вработен во детската клиника. Заврши јавниот повик за набавка на нови респираторни машини. Од девет пристигнати понуди, две ги задоволува. Успеавме да набавиме 31 машина од кои еден дел ќе пристигнат во овие 7 дена, а дел во текот на следни 30 дена.

„Имаме сосема доволно заштитна опрема и во резерва во сите јавно здравствени установи, особено каде што се лечат и третираат заразените. Имаме вкпно 122 зaразенни медицински лица од кои  7 оздравени и се вратени назад на работни места“.

„Мора да кажам дека секој ден ја пратиме ситуацијата во Куманово. Доколку се појават нови пациенти кои не се поврзани со оние што ги следиме, не ја исклучувам можноста за нови мерки. Засега сметаме дека нема потреба.

 

Претходна статијаЗвучи неверојатно, но вистинитo: Германија бара помош од мигрантите за да се справи со Корона
Следна статијаАрбен Таравари: И државата треба да се ‘вакцинира’ за превенција од различни опасни вируси што може да ги зарази нејзините органи