Доктор од Шведска е против карантинот и откри зошто: Не може да затворите сè дома

0

Добро познато е дека Шведска завзема значително поразличен став од остатокот на Европа и светот во борбата против вирусот SARS-CoV-2 што предизвикува Ковид-19. Тие сè уште живеат помалку или повеќе нормален живот.

Иако здравствените власти предупредуваат дека ќе има голем број смртни случаи, тие се убедени дека поголема штета на општеството би направил карантинот, односно воведувањето целосна блокада.

До денес, во Шведска се пријавени 9141 случаи на коронавирус, а 793 лица починале.

“Во моментов никој во светот нема точни насоки како да се бориме против оваа болест. Шведската стратегија не вели дека вирусот не е опасен и треба да го потценуваме – напротив – ние сме свесни за ситуацијата, но нема докази дека строгиот карантин што го воведоа најголем дел од европските земји ќе биде подобра и поефикасн мерка. По шест месеци ќе можеме да повлечеме линија и да видиме чиј пристап бил подобар “, рече шведскиот невролог и анестезиологКлаис Хултлинг за Слободна Далмација.

Тој вели дека менталитетот на Швеѓаните е различен од луѓето од Медитеранот и дека Швеѓаните, кога им е кажано дека не треба да направат нешто, постапуваат соодветно и без строги забрани.

„Не можете да ја уништите економијата, не сте сигурни како мерките влијаат на вирусот“.

„Не можете да ја уништите целата економија, да затворите сè дома, а притоа не сте сигурни како таа мерка навистина ќе влијае на справувањето со вирусот.

Мерката за целосна блокада, може да ја уништи економијата и животот на граѓаните и да нè погоди полошо од вирусот. Карантинот во некои земји функционира, но по која цена и до кога?

Нашата стратегија е да се минимизира контактот, особено со старите лица и оние со хронични заболувања. Сите заразени лица и сите нивни контакти се следат, системот е поставен така да навистина ги изолира семејствата и пријателите на заразените, а не целата држава. Ова функционира засега затоа што Швеѓаните нема, доколку се во изолација, да излезат и ги изложат другите на опасност“, вели докторот.

Тој додава дека моделот што го користи Шведска можеби нема да функционира и да даде резултати во други земји.

Претходна статија(ВИДЕО) Први снимки внатре од Инфективна клиника каде лежат пациентите со Корона
Следна статија(ВИДЕО) Најавите на Мими се остварија: Жената која уште минатата година кажа дека избори денес нема да има