Македонската Влада пред неколку дена на седница усвои Уредба за интервентна набавка на респираторни машини за време на пандемијата на коронавирус, со која се уредуваат условите и постапката за итна набавка на 200 респиратори при вонредна состојба.
За оваа набавка Министерството за здравство ќе објави јавен повик на својата веб-страницата, кој ќе трае 72 часа од моментот на неговото објавување, информираат од владината прес-служба.
Оценка на пристигнатите понуди ќе врши тричлена Комисија од редот на вработените административни службеници формирана од Министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче на една од прес-конференциите за состојбата со коронавирусот кажа дека во државата има 120 респиратори, а потоа им се заблагодари на приватните болници кои на располагање ставија близу 70 интензивни легла со респираторни машини.
„Имаше коментари околу респираторните машини. Би сакал да кажам дека во државата има околу 120, а најголемиот број, близу 90, во Скопје“, кажа Филипче.
Бујар Османи пред неколку дена рече дека 25 респиратори кои се наменети за нас има заглавено во депо во Турција, Македонија ги купила, со средства на амбасадата на Норвешка, а посредувала организација на Обединетите нации.
И екс премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во едно од своите интервју неодамна кажа дека државата ќе добие 10 респиратори донација од една наша фирма која ги набавила од Израел, а исто така и нашата држава ќе купува дополнителни.
Во меѓувреме додека се чека на овие машини да дојдат кај нас, седумина наши сограѓани решија да направат респиратор, за што информираше Димитрија Ангелков:
Додека дишам се надевам. Прототип на респираторна машина. Тимот во состав од Димитрија Ангелков, Ѓорѓи Додевски, Марина Ангелкова, Билјана Волчева, Трајче Стојанов, Ангел Стојанов и Трајанка Додевска даде се од себе ова да биде лесно прифатливо и практично решение со кое ќе се започне постапка за сертифицирање и атестирање.
Додека дишам се надевам. Прототип на респираторна машина. Тимот во состав од Димитрија Ангелков, Ѓорѓи Додевски, Марина Ангелкова, Билјана Волчева, Трајче Стојанов, Ангел Стојанов и Трајанка Додевска даде се од себе ова да биде лесно прифатливо и практично решение со кое ќе се започне постапка за сертифицирање и атестирање. Овој прототип секојдневно ќе се развива и усовршува со професионална опрема која ги има сите стандарди за квалитет и безбедност. Секој има подадена рака да се приклучи во нашиот тим.
Публикувахте от Dimitrija Angelkov в Събота, 11 април 2020 г.
Овој прототип секојдневно ќе се развива и усовршува со професионална опрема која ги има сите стандарди за квалитет и безбедност. Секој има подадена рака да се приклучи во нашиот тим.