Хуманоста пред се: Пристигаат нови 50 кревети за Инфективна клиника во Скопје

0

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов информираше дека денес е асфалтирана улицата, поточно новиот пристап до Инфективна клиника во Скопје:

Град Скопје во Клинички. Некои приговараат. Ние работиме, а вие почитувани, седете дома.За да можеме сите за кратко да ги имаме животите во релативна нормала. Чувајте се себе си, така ги чуваме и луѓето околу нас.

Град Скопје во Клинички. Некои приговараат. Ние работиме, а вие почитувани, седете дома.За да можеме сите за кратко да…

Публикувахте от Петре Шилегов в Сряда, 8 април 2020 г.

Истот така пристигна уште една вест од компанијата Еурофарм која ќе донира 50 кревети за Инфективната клиника:

ПочитуваниВо време на големата светска пандемија од коронавирусот и сите предизвици кои ги носи борбата против ковид 19, менаџментот и вработените во ЕУРО-ФАРМ секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со кризата на територија на Република Северна Македонија.

Од почетокот на кризата до денес, успеавме да одговориме на сите предизвици со максимална ангажираност на сите вработени. Најголем дел од нас, вработените во Еурофарм сме на првата линија на справување со пандемијата.

Успеавме да ги одржиме активни сите постојни капацитети и да овозможиме непрекинато снабдување со лекови и медицинска опрема до аптеките и населението во нашата дражава.

Во овие тешки времиња за сите нас, обезбедувањето на секаков вид на помош за здравствениот систем, здравствените работници и пациентите се приоритет на целото општество. Водени од тоа, во изминатиов период се вклучивме и во помагање на здравствениот систем кој се справува со големи предизвици.

Со наши донации вклучени сме во секојдневното снабдување со потребните лекови (дневна терапија) за сите наши сограѓани и лица кои се наоѓаат во објектите кои се именувани како државни карантини.

Исто така, во досегашниот период обезбедивме и неколку помали донации од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции во нашата земја.

Денес, нашата компанија потпиша и договор за набавка на 50 медицински кревети кои ќе бидат донирани за потребите на Универзитетската инфективна клиника во рамките на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

ЕУРО-ФАРМ изразува благодарност и поддршка на здравствените работници во земјава кои се изложени на секојдневни ризици во својата професионална работа, како и желба и повик за истрајност до сите македонски граѓани заедно да го надминеме и победиме ковид 19.

Ние и во натамошниот период ќе останеме максимално посветени во справ-вање со оваа тешка здравствена грижа и ќе се трудиме целосно да ги одржиме во функција сите наши капацитети.

Претходна статијаЈоци повторно ,,удри” по кафанџиите – абе клошараана, заглавени сте у 18 век
Следна статијаДокторот Пановски: Зошто ни се 200 респиратори, што ќе ни се 200 споменици