Докторот Пановски: Зошто ни се 200 респиратори, што ќе ни се 200 споменици

0

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неколку нови истражувања покажуваат дека респираторната машина не им помага на пациентите кои се со тешка клиничка слика со корона вирус.

-За жал, од повеќе истражувања излегуваат информации дека ниту респираторната машина не помага. Според две истражувања, и од пацинетите кои се на респиратор 90 или 89 отсто завршуваат со см ртен исход, рече Филипче.

Изминатиот период на неколку наврати се најавуваше купување на нови респиратори, како и донации. И самиот Филипче кажа дека се планира набавка на нови.

Познатиот македонски вирусолог Доктор Вело Марковски – инфектолог, професор на медицинскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев во Штип, поранешен директор на инфективната клиника во Скопје, даде многу интересна анализа за корона вирусот, за начинот на кој се пренесува и опасностите кои ни ги носи.

Тој тврди дека лекарите прават грешка во пристапот на заболените од корона вирус, а како доказ ги споменува Кина и Италија, каде како што вели респираторите повеќе згасиле, него што спасиле животи. Оваа негова изјава ја разбранува јавноста, не само во нашата држава, туку во поширокиот регион.

Што ќе ни се 200 респиратори, кои владата планира да ги набави за борба против корона вирусот, прашува професор доктор Никола Пановски, при неговото гостување во „Само вистина“.

Тој смета дека на Македонија не ѝ се потребни толку респиратори, затоа што не се ни користат толку во лекувањето на заболените од Ковид 19. Едноставно, нема потреба според нивната клиничка слика, а се стават на механичка вентилација, пациентите сместени во болниците.

Не ми е јасно што ќе ни се 200 респиратори, што ќе ни се 200 споменици?, прашува Пановски.

Тој смета дека одговорните, односно надлежните не треба да носат мерки кои се драстични, само затоа што новинарите прашуваат или опозицијата повикува.

Исто така, тој не ги разбира мерките со продолжување на полицискиот час од 16 часот до 5 часот наутро во работни денови, што почна денеска и потполно затворање на граѓаните дома за викенд. И за таа мерка смета дека е донесена поради притисок од јавноста, а нема научна или епидемиолошка оправданост.

Претходна статијаХуманоста пред се: Пристигаат нови 50 кревети за Инфективна клиника во Скопје
Следна статијаНаумче од СДСМ со стил го прифати предизвикот на Борко од ВМРО-ДПМНЕ, па сега тој го возврати ударот