Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Струмица постојано ја следи актуелната состојба и презема мерки за заштита на граѓаните од ширењето на корона вирусот, рече на денешната прес конференција началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување, Александар Оџаков.
На новинарско прашање кој ги донираше хуманитарните пакети, Оџаков одговори:
-Донацијата на хуманитарните пакети е од семејството Заеви, кое освен во општина Струмица вакви пакети донираше и во другите општини во државата, а кои деновиве преку волонтерите ќе стигнат до домовите на социјално загрозените семејства. Од името на Општината сакам јавно да му се заблагодарам на семејството Заеви кое многу пати досега ја потврдило својата хуманост и солидарност и секогаш помагале таму каде што имало потреба од било каква помош.
Костадин Костадинов е македонски политичар и пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Од 2016 до 2017 година бил вршител на должноста Градоначалник на општина Струмица откако Зоран Заев по парламентарните избори формирал парламентарно мнозинство и подоцна ја презел функцијата премиер на Македонија.
Својата политичка кариера Костадинов ја започнува како член на Советот на општина Струмица. За време на мандатот на Зоран Заев тој ја вршел и функцијата Заменик градоначалник на општина Струмица, а во декември 2016 година, десетина дена по парламентарните избори, Костадинов станува вршител на должноста градоначалник на општина Струмица откако Заев се повлекува од истата поради ангажирања во парламентот како и блиското добивање на мандат за формирање на нова македонска влада.
Ја врши должноста градоначалник сè до локалните избори во 2017 година и на 20 октомври функцијата ја презема победникот на изборите Коста Јаневски. Од ноември 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието на Република Македонија на местото на Јаневски откатко со уште неколку пратеници им бил верифициран мандатот.
Костадинов денес се огласи на својот профил на Фејсбук:
Кога зборуваме за солидарноста, мора да мислиме и на мотивирањето на сите оние кои имаат повеќе да дадат за доброто на државата и граѓаните особрно во таква криза во која сега се наоѓаме.
Јас, мојата фамилија, како секогаш имаме помогнато финансиски на бројни семејства од социјален ризик, имаме стипендирано студенти, имаме плаќано за сместувачки трошоци.
Во овие моменти ми се јавува гласот на мојот покоен татко, кој секогаш помагал на оние на кои помошта им е најпотребна, независно од ситуацијата во која ние се наоѓаме.
Ако можеш да помогнеш, помогни, но немој никако да одмагаш. Епа татко, токму тоа и го правам, да знаеш…
Кога зборуваме за солидарноста, мора да мислиме и на мотивирањето на сите оние кои имаат повеќе да дадат за доброто на…
Публикувахте от Kosta Kostadinov в Сряда, 8 април 2020 г.
Огромна благодарност до компанијата Јанев компани која прва се јави да донира, ги повикувам и сите останати, колку што можат да излезат во пресрет во оваа криза. Заедно можеме да се избориме против ова зло!