Докторката Љиљана од Скопје: За примитивни племиња како нас што велат „докторите везе немаат” мора вака

0

Откако вчера беа донесени на влада, од утре на сила стапуваат новите ограничувања на движење, поточно мерките за ширење на корона вирусот.

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително, За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Со реакција на социјалните мрежи се јави докторката Љиљана Којиќ од Скопје:

Цел ден врескот по социјалниве мрежи околу меркиве. И сите одеднаш Швегјани… И сите кажуваат како е во развиените земји. Е па вака:

Во развиените држави, луѓето имаат “развиени” мозоци и уши, и слушаат препораки и не ги прекршуваат: не дремат по паркчиња у чопори од по 10, не идат скрично на гости.. И не глуматаат најголеми експерти за се.

Во развиените земји луѓето имаат висока свест и совест. Во развиените земји луѓето се вистински паметни. Нема потреба да се прават паметни. Тука е тајната. Не им требаат забрани. Почитуваат препораки. Шведска, што нашиве “борци за демократски прва на луфтирање” не ја “вадат од уста”, како еталон за демократски права, на пример, нема задолжителна вакцинација, а има највисок опфат со вакцинација -96%.

За разлика од нас, каде што “експертскиот конзилиум на камиказе- ФБ-мудреците” си ги масакрираше лани сопствените деца и предизвика епидемија на морбили, во која имаше и жртви.

Има народи кои едноставно не се зрели за демократија. Од тие незрелите има два типа: Едните се просто нецивилизирани, а другиве се лигави,разгалени, недисциплинирани и себични.

Вториве се нецивилизирано прости. За жал, ние сме “непораснати” и очигледно не сме зрели за практикување на демократските права, зашто тие не подразбираат само права, туку и одговорност.

Кај нас одговорноста е ретка птица. Луѓево само бараат-не даваат. Е па затоа за “бушмани” и примитивни племиња како нас (без навредливи чувства кон Бусхманите)-кои со скромниот број на мали сиви клетки се однесуваат во стилот “ти-на-мене-ќе-ми-кажеш” и “докторите-везе-немаат” мора вака. Па “затвор” ќе окркаме и ние, што ги почитуваме мерките и никогаш не сме ги прекршиле, заедно со бушманите, и оние другите

Претходна статијаДокторката Даница: Заборавете оваа година на одморите во странство
Следна статијаДве европски држави најавија полека враќање во нормала по Корона