Миленко Неделковски – Значи браво

0

Од утре на сила стапуваат дпополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8.4.2020, од 16 часот

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на Северна Македонија.

Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Дополнително, За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.

За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

Според Одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.

Новите ограничувања стапуваат на сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Со своја реакција на социјалните мрежи се јави новинарот Миленко Неделковски:

Значи, браво!!! Сите мерки ви имаат за цел што повеќе народ да се собере на едно место (апотека, болница, самопослуга, банка…)!!!

Целта ви е, како и на Билдерберг групата, што повеќе стари лица да оболите и ум рете. За да го растеретите пензискиот фонд. Грујо им даваше карти за скијање. Оли, Зајо и Фи-Филипче директ у Бутел ги траат.

Старите луѓе одат во апотека, младите ретко. Старите луѓе одат во банка, младите имаат картици и он лајн банкарство.

Значи, браво!!!Сите мерки ви имаат за цел што повеќе народ да се собере на едно место (апотека, болница, самопослуга,…

Публикувахте от Миленко Неделковски в Вторник, 7 април 2020 г.

Старите луѓе одат во болница, младите само нога ако скршат. Старите луѓе два пати на ден одат во самопослуга, оти тоа им е единствен провод. Прозирни ви се морбидните стратегиите за спасување на банкритираниот пензиски фонд.

Претходна статијаДенес е розова полна месечина – на три хороскопски знаци ќе им се посреќи
Следна статијаДокторката Даница: Заборавете оваа година на одморите во странство