Ердоган не заборава на нашата држава: Турција праќа помош на Македонија

0

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров денес ја прими донацијата од Унгарија и по овој повод сподели:

Само со солидарност, соработка и размена на информации ќе излеземе од овој тунел. Ја цениме денешната конкретна помош од Унгарија и колега Сијарто – 100k маски и 5к заштитни одела – за справување со пандемијата, како права демонстрација на европска солидарност. Благодарни сме и за поддршка на нашиот ЕУ пат и членството во НАТО.

Со Петер се договоривме и да соработуваме во напорите за репатријација на унгарски и македонски државјани затекнати во странство.

на денешната заедничка прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, ќе испрати помош за Македонија во справувањето со епидемијата.

– Реџеп Таип Ердоган денеска не извести за помош во маски, заштитни одела и тестови. Денеска тоа официјално ќе се најави. Разговарав со Шведска за поддршка за малите и средни компании, како и со колегата од Берлин, Михаел Рот, кај кого испратив листа на консолидирани потреби, рече Димитров.

Тој рече дека во наредниот период очекува да се развијат и македонските капацитети за производство на маски и средства за дезинфекција

– Вирусот нема национална припадност, не може да се порази во една земја, а да остане во соседната, додаде Димитров.

За помошта од Кина тој рече дека Македонија добила политички позитивен одговор за помош во респиратори и друга опрема, но и дека најмногубројната земја е преплавена од барања од целиот свет

Беше најавена пратка преку една агенција на ОН со норвешка помош. ЕУ како што знаете ќе помогне со 4 милиони евра пред се во однос на медицинските потреби на здравствениот систем, но и со повеќе од 60 милиони евра за соочување со финансиските консеквенци од кризата.

Побаравме и добивме позитивен одговор и од Кина, но, уште нема што конкретно да кажам во однос на бројките и составот на таа помош, рече Димитров одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Претходна статијаГолем потег на Бујар Османи: Се пријавив за доброволец
Следна статијаМерка каква што не памети Македонија – на сила стапува од среда