,,Морав ова да го постирам, зашто многумина навистина ме реметат со теории на заговор”

0

Статус на Аргирета Атева:

Морав ова да го постирам, зашто многумина навистина ме реметат со теории на заговор по лични пораки и со постови. Значи, да бидам јасна, дали е создаден, дали е природен, дали е со намера или без намера коронавирусов… ама навистина и не ми прави некоја разлика.

Факт е дека го има, факт е дека е заразен, факт е дека нас треба да не’ интересира само нашиот однос со Бога. Ништо не можеме да смениме со плашење и создавање паника.

Промените можат да дојдат само со сфаќање на целава оваа ситуација како последица на нашата огревовеност (епитимија), секој почнувајќи од себеси, и со посветување на своето слободно време во карантин на молитвата, а не со бегање од самоодговорноста и обвинување на друг.

Интересно е кога луѓето нивните теории ги претвораат во факти… без докази. Само молитвата може да помогне во надминување на оваа пандемија. Ако навистина се светски зли сили кои стојат зад ова, тогаш нашиот глас не ги сотрува. А ако се молиме, Бог ќе не’ заштитува постојано. Но, ако е природен вирус, ненамерно распространет… тогаш пак ептен сме застраниле – пак само молитва помага и хигиена.

Е сега, од текстот, она што ми остави впечаток:

…дали сме свесни дека ваквите приказни немаат ништо заедничко со православната вера? Како прво, тие потекнуваат од една сосема друга религиозна традиција. Ќе се вратам назад во средновековието. Откровението било централен мотив во западната средновековна егзегетика, химнографија и уметност.

Но, тоа не е случај со православната егзегетска традиција, во која речиси и да нема толкувања на Откровението. Барањето на паралели со откровенските виденија на св. ап. Јован Богослов се сметало за опасно, исто како и гледањето на телесни претстави во рамките на мистичното искуство (затоа во православната аскетика акцентот паѓа на видението на нетварната таворска светлина).

…апокалиптичните и конспиративните наративи може да бидат основа само за патолошка религиозност, која себеси се темели врз – страв.

Теориите на заговор го блокираат човекот – и како политичко (ζώον πολιτικόν), и како религиозно битие (homo religiosus). Нивната движечка сила е стравот кој ги задушува слободата и способноста за расудување во човекот.

Со тоа, конечно, се задушува и можноста да му се уподобиме на Бога. Ако сакате, токму теориите на заговор се „чипувањето“ од кое нивните поддржувачи, како во некој магепсан круг, се обидуваат да избегаат.

(ЗАБЕЛЕШКА: Последните два става се потврдени од психологијата – стравот го блокира разумното размислување)

Претходна статијаСе огласи газдата на теретаната пред која беше сликан Мицкоски и откри зошто Христијан бил таму
Следна статијаЛатас: Кај се појавила Шеќеринска, таму трева не расте – избегавајте ја дури и по телефон да ви се јави