(ФОТО) Заловена нова рисица во Маврово – доби интересно име

0

Соопштени од Националниот парк Маврово

Среда е ден на рисот, па ви објавуваме уште една убава вест! Македонското еколошко друштво означи нова единка од балканскиот рис близу селото Ничпур, во НП „Маврово“.

Се работи за здрава женка тешка 14,5 kg, а стара најмалку 7 години. Рисицата се вика Атиџе. Како и сите рисови досега, и таа носи околувратник и ни испраќа локации за своето движење. Утврдивме плен и сега сме сигурни дека Атиџе е добро и успешно се справува со сите предизвици.

А што им е заедничко на Атиџе и Марко, нашиот прв рис? Сплетот на околности направи интересна игра на датуми и настани. Оваа првоаприлска вест е за минатиот месец, кога пред самиот прекин на теренските активности се случи обележувањето на Атиџе и тоа токму на истиот ден кога беше обележан рисот Марко!

И ова е десетта единка за овие десет години. Убаво заокружување на досегашните теренски активности поврзани сесијата за рисот.

Среда е ден на рисот, па ви објавуваме уште една убава вест! Македонското еколошко друштво означи нова единка од…

Публикувахте от Nacionalen Park Mavrovo, Mavrovo National Park в Сряда, 1 април 2020 г.

Според нашите долгогодишни истражувања се проценува дека на Балканот има уште 40 возрасни единки на балкански рис, којшто според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) има статус на критично загрозено животно.

Инаку Атиџе првпат ја имаме забележано на слика од фотозамка во 2013 година, кога во базата ја водевме под шифрата Б11. Мислиме дека името Атиџе подобро ѝ стои.

Се гордееме со нашиот тим и ја поздравуваме плодната соработка со пријателите од МЕД! Иако сакаме нови терени, посебно на априлскиот снег, засега седиме дома и будно ја следиме ситуацијата. Останете дома и следете нѐ со новости

Претходна статијаСашо Тасевски прашува: Ќе се најде ли некој банкар од мајка роден
Следна статија(ВИДЕО) Денес во Скопје слета авион кој донесе помош за Македонија