Паѓаат во вода тезите дека Корона вирусот ќе исчезне кога ќе се затопли времето

0

На почетокот од кризата со Корона вирусот, предвидувањата беа дека со почетокот на пролетните и летните потопли денови, неговиот интензитет ќе опадне, бидејќи нема да може да опстои на високи температури, но најновите истражувања покажуваат дека не е баш така.

Новиот коронавирус е најактивен на температури околу четири степени Целзиусови, додека умира на околу 70 степени Целзиусови за околу пет минути, според студијата на научниците од Универзитетот во Хонг Конг, пренесува Итар тас.

На четири степени, вирусот може да живее скоро две недели, додека на температура од 70 тој умира за пет минути, според медицинската студија објавена на веб-страницата medrxiv.org.

Со температура од 22 степени короната е активна за седум дена, на 37 степени не повеќе од два дена, додека на температура од 56 степени може да живее 30 минути.

Научниците исто така ја испитале одржливоста на вирусот на различни површини, а откриено е дека останува на површината на медицинската маска една недела, на собна температура и влажност од 65 проценти.

На хартија, вирусот опстојува помалку од три часа, за дрво и материјал не повеќе од два дена, на стакло помалку од четири дена, додека за челик и пластика останува една недела.

Претходна статијаСведоштво од Перу на Кико на кого денес му побегна авионот за враќање во Македонија
Следна статијаКолозова бара да се затвори Фејсбук, а граѓаните да гледале посеверно од Белград