Сведоштво од Перу на Кико на кого денес му побегна авионот за враќање во Македонија

0

Штипјанецот Христијан Митев, веќе втора недела е заглавен во најпопуларната туристичка дестинација во Перу, Куско. Два авиона со македонски туристи од Пару тргнаа кон Европа, еден пред два дена и еден денес, но Митев не успеа да се качи во ниту еден од нив.

Проблем е оддалеченоста од над 1.000 киломери од Куско до Лима и прекинот на сите врски помеѓу овие два града:

„Тоа се случи во рок од 24 часа ги затворија границите и аердромите и илјадници туристи останаа заглавени во Перу“ изјави Христијан Мицевски, Куско, Перу

Помош, Митев побарал од македонското МНР, но неговото име не се нашло на списокот на патници кои требаше да бидат евакуирани од Перу:

„Побарав помош од министерството за надворешни работи , ги контактирав во периодот кога требаше да го контактираме но не добив никаков одговор“ изјави Христијан Мицевски, Куско, Перу

Во меѓувреме , воспоставена е комуникација помеѓу Митев и амбасадорот во Бразил Ивица Боцевски, но решение како тој од Куско да стигне во Лима , се уште нема.

За Кико што побргу да стигне од Перу во родниот Штип, се ангажираше и градоначалникот Благој Бочварски:

„Ќе направам се и ќе ги преземам сите мои надлежности и мерки со цел да му помогнам на Христијан да се врати дома. Ќе разговарам со министертсвото за надоворешни работи и ќе информирам за целата состојба. Апелирам и до семејството да останат смирени Ќе разговарам со семејството да останат смирени и да знаат дека институциите ќе направат се со цел да се врати дома“ изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип

Претходна статијаЈоци: Од ден на ден, ми се чини дека вмровци не се ни слушаат повеќе што зборуваат
Следна статијаПаѓаат во вода тезите дека Корона вирусот ќе исчезне кога ќе се затопли времето