Веќе еден месец во јавноста од надлежните пристигнуваат најави за добивање нови респиратори. Првично беше најавено дека ќе пристигнат 50 нови кои државата ќе ги купи, но на крај се покажа дека тендерот бил поништен.
Во меѓувреме Венко Филипче истакна дека овие респиратори пред да тргнат за Македонија биле заглавени во Бразил поради забрана за извоз на оваа држава, за да потоа се покаже дека оваа набавка е поништена.
На неколку наврати беше кажано дека и од Кина е побарано 200 респиратори и притоа позитивно е одобрено, за да денес Филипче на прес-конференцијата кажа дека се уште немаат дефинитивен одговор.
Во своето излагање претседателот Стево Пендаровски денес кажа дека и 25 респиратори донација од Норвешка кои треба да пристигнат од Турција се заглавени. Причината е што Турција стави забрана за извоз на медициснки апарати.
„Интензивно сум во комуникација со турските власти овие респиратори да дојдат во Македонија кои се донација и за нас многу значат за разлика од Турција која е голема земја. Впрочем тоа е донација на Норвешка. Искрено се надевам дека ќе успеееме да ги донесеме“.