(ФОТО) Македонскиот пратеник: Почна да врне силен дожд, можеби ќе отиде Корона

0

Како ширум светот, така и во Македонија последниве денови актуелна тема е Корона вирусот. Од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на заразени, а за жал денес ја забележавме првата човечка загуба.

Со доста чуден и интересен статус вечерва за Корона вирусот се огласи првиот човек на Партија за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски

„Почна да врне во Тетово, можеби со овака силен дож ќе отиде и Корона вирусот. Дај боже“ напиша Ибраимовски на својот профил на Фејсбук.

По парламентарните избори во 2016 тој станал министер без ресор во владата на Зоран Заев. Во декември 2017 година Ибраимовски поднел оставка од функцијата

Ибраимовски како млад бил тапанар во музичката група „Инекси“ од Тетово, а негов брат е пејачот Ибуш Ибраимовски. Пред да влезе во политиката Ибраимовски бил директор на тетовската фабрика за производство на мебел и садови „Униус промет“.Во периодот 2004–2006 тој бил заменик на министерот за труд и социјална политика.

Претходна статијаПијте топла вода, не дишете 10 секунди – сето ова се глупости, немојте да верувате на сè што ќе прочитате
Следна статијаТатко на познатата актерка почина од Корона – таа испрати порака до јавноста