„Пијте неколку голтки вода на секои 15 минути. Зошто? Дури и ако вирусот влезе во устата, водата го носи низ хранопроводникот до желудникот. Кога ќе стигне таму, киселината во вашиот желудник ќе го убие. Ако не пиете доволно вода, вирусот може да се пробие низ вашите дишни патишта и да влезе во белите дробови“.
Професорката Труди Ланг од Универзитетот во Оксфорд вели дека не постои „биолошки механизам“ кој би ја поддржал идејата дека респираторен вирус едноставно може да се испрати во стомакот и таму да се убие.
Инфекција како што е како коронавирусот влегува во телото преку дишните патишта додека лицето вдишува. Вирусот може да влезе и преку уста, но дури и постојаното пиење вода не може да го спаси лицето од зараза. Но, без оглед на тоа, пиењето вода и одржувањето на хидрираност главно се добар медицински совет, стои во заклучокот.
Тука е уште еден хит меѓу лажните вести, веројатно сте го добиле преку Вибер, а станува збор за „куќниот тест“ во кој треба да го задржите здивот подолго од 10 секунди и ако ви успее тоа без кашлање, нелагодност, гушење и напнатост, значи дека во белите дробови нема цистична фиброза, што главно значи дека нема инфекција.
Тој тест е вообичаена глупост и тешка лага, зошто нема здравствен доказ за тврдењето дека задржуваењето здив 10 секунди укажува на тоа дека белите дробови се здрави. Не постои ниту доказ за имплицираното тврдење дека КОВИД-19 е единствена причина поради која некој не може да го задржи здивот 10 секунди, односно дека причина за тоа е белодробна фиброза предизвикана од вирусот.
Сите овие лажни информации се шират низ целиот свет, нема држава во која сите овие приказни не се проширија преку социјалнтите мрежи, а веројатно ќе ги има уште повеќе во наредниот период.