Вработена во аптека во Струмица: Дечки, постојат и вакви луѓе (ФОТО)

0

Ако се направи една статистика за вопзрасната структура на заболените со Корона, ќе се види дека тоа се претежно постари лица, со возраст над 60-65 години, но и помлади кои имаат хронични проблеми со бели дробови, кардиоваскуларни проблеми, дијабетичари…

Поради тоа, препораките од здравствените работници е да се ограничи движењето на минимум, да се избегнуваат социјални дружби, посета на настани, во маркетите да се држи растојание од другите и да се оди само кога е најнеопходно нешто да се купи, со еден збор, да се седи дома.

Токму индолентниот однос на Италијаните, кои недоволно сериозно ги сфатија овие препораки, ги доведе во ситуација нивниот здравствен систем да колабира и да се соочат со многу човечки жртви, кои можеше да бидат избегнати.

Најпоразително е тоа што постарите, ни криви ни должни, го извлекуваат подебелиот крај. Ова ни криви ни должни се однесува на оние кои навистина ги почитуваат препораките и не излегуваат од дома. Кај нас тоа и не е баш така, ако се види дека маркетите се преполни со возрасни луѓе.

Но оние кои ги почитуваат препораките, најчесто се заразувани од несовесните свои деца и внуци, кои не заболуваат од вирусот, туку се само преносители.

Е сега, со оглед на тоа што има луѓе во години кои живеат сами, бидејќи нивните деца се во странство, или едноставно немаат деца, државата, но и ние како поединци, мораме да помислиме и да се погрижиме за таквата категорија на луѓе, да бидат снабдени со основни продукти и да избегнат ризик од зараза со евентуално нивно излегување од домовите.

Еден таков позитивен пример, постираше Струмичанката Љубица Крстева, која е вработена во аптека:

,,Ден работен како и секој од претходниве, полн со убрзани и исплашени лица кои бараат исти работи! Влезе човек кој ми побара поразлично, повеќе, се што може да му понудиме за постари лица и зема доста!!!

Го прашав за што му се толку, вели донација за постарите во неговото населено место! Го прашав од кого донација, вели од мене, лично!!! Искрено, ми го направи денов ппразличен, поубав, и верувајте со верба дека ќе не биде штом сеуште има вакви луѓе. Кире , респект!!!”

Респект и од нас за Кире и охрабрување и други млади луѓе да се одважат и да покажат сличен ваков пример. Ова може да биде и своевиден предизвик на социјалните мрежи.

П.П.

Претходна статијаРосоклија: Еве што ми се случи мене во Америка кога се двоумев дали да ги вакцинирам децата
Следна статија(ФОТО) Хероите од Инфективна клиника во Скопје објавија фотографија и упатиja порака