Смирувачки вести: Пристигнаа одговорите за сите што планираат да заминат во маркет на пазарење

0

Министерот за економија, Крешник Бектеши, заедно со директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска во Министерството за економија одржа работен состанок со претставници од сите најголеми супермаркети и дистрибутери на прехранбени производи во државата.

На состанокот се разговараше за мерката која што ја донесе Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи и тоа на леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезифекциони сретства со состојба на денот на прогласување на пандемијата на СЗО, освен оние за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

Да не се крева паника, има доволно храна, особено на основните прехранбени продукти – смируваат маркетите. Имале доволно залихи за 30 до 45 дена. Апелираат граѓаните да бидат свесни, рационално да купуваат, но да водат сметка и да не го загрозат здравјето на вработените во продавниците.

Ваквите апели доаѓаат откако во некои маркети беше забележан метеж, а некои од нив и го ограничија бројот на купувачи кои можат да пазарат во маркетот во ист момент и бројот на исти производи што можат да ги купат.

„Минатата недела имавме потешкотии за увоз на стока, но од вчера, благодарение на Владата, коридорите се ослободени од земјтие кои направија ограничувања. Веќе се регулирани коридорите од каде доаѓа стоката. Нема место за паника. Имаме залиха за 30 дена и тековно се носи стока. Бараме постојано контакт со соседните земји, за да нема застои на граничните премини, како и да се ослободат контингентите и царинските давачки за брашно, зејтин и шеќер, да има забрана за увоз од Србија каде цените се пониски“ – рече Џемаил Даути, сопственик на „Даути комерц“.

По повод денешната средба со Министерот за Економија Г-дин Крешник Бектеши, на која беа присутни сите преставници на поголемите маркети, Државниот инспекторат како и најголемите дистрибутери на храна, најпрвин во мое име и во името на Рамсторе Македонија сакам да искажам голема благодарност до Министерот за Економија г-дин Бектеши и до сите присутни на денешниот работен состанок кој помина многу продуктивно истакна Ајхан Узун Генерален Директор на Рамсторе Македонија ДОО.

Најнапред ставајќи акцент пред се на здравјето на нашите потрошувачи, вработени и сите граѓани на Р.Северна Македонија, сакам да ве известам дека водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите и капацитетите на сите наши продавници, применувајки строги правила за безбедност во нашите маркети согласно препораките од Министерството за Здравство и Владата на Р.Северна Македонија.

Во моментов има доволно залихи во нашите продавници, а на денешната средба добивме потврда од нашите добавувачи дека нема никаков проблем со залихите. Цените на основните производи остануваат непроменети, а ќе се обидеме да ги држиме под контрола залихите на сите неопходни намирници за подолг временски период.

Од тука сакаме да упатиме порака до сите граѓани дека нема простор за паника во однос на залихите и услугите бидејки ситуацијата е под контрола, работиме координирано со почитување и применување на сите нови мерки предложени од Владата на Р.Северна Македонија .

Претходна статијаМицкоски се огласи по лидерската средба: Имаше неуставни предлози на самиот состанок
Следна статијаДвесте Македонски граѓани ќе бидат ставени во карантин во Криволак